Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска: Нашата визија е јасна – да изградиме модерен, ефикасен, дигитализиран и одржлив енергетски систем
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска: Нашата визија е јасна – да изградиме модерен, ефикасен, дигитализиран и одржлив енергетски систем
Агровести

Божиновска: Нашата визија е јасна – да изградиме модерен, ефикасен, дигитализиран и одржлив енергетски систем

Објавено 26/01/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Нашата визија е јасна – да изградиме модерен, ефикасен, дигитализиран и одржлив енергетски систем што ќе обезбеди сигурно снабдување, пристапна цена за граѓаните и компаниите, како и значително намалување на емисиите на стакленички гасови. Тоа е патот кон подобар квалитет на живот, почиста животна средина и посилна економија – порача денеска министерката за енергетика, Сања Божиновска.

Како што истакна Божиновска во обраќањето на настанот по повод 26 Јануари – Меѓународниот ден на чистата енергија, Македонија има потенцијал, визија и капацитет да биде регионален пример за успешна енергетска транзиција.

– Наша обврска е тој потенцијал да го претвориме во реалност. Но, енергетската транзиција не е процес што може да го води една институција, туку бара партнерство меѓу Владата, бизнис-секторот, науката, локалните заедници и граѓаните. Само заедно можеме да изградиме систем што ќе биде одржлив, праведен и отпорен на идните предизвици – нагласи Божиновска.

Според неа, денес, повеќе од кога било, е важно да се инвестира во сигурни и одржливи енергетски решенија. Но, енергетската транзиција не значи само изградба на соларни и ветерни електрани, туку подразбира целосна трансформација на системот, модернизација и дигитализација на електроенергетската мрежа, јакнење на преносните и дистрибутивните капацитети, развој на паметни мрежи и особено развој на системи за складирање енергија.

– Живееме во време на длабоки глобални промени во кои побарувачката за електрична енергија постојано расте. Дигитализацијата, електрификацијата на транспортот и индустријата, како и развојот на вештачката интелигенција, создаваат нова реалност во која енергијата станува клучна инфраструктура за економски раст, конкурентност и технолошки напредок. Овие процеси отвораат огромни можности, но и сериозни предизвици. Македонија има сериозен потенцијал за искористување на обновливите извори на енергија и затоа нашата стратешка определба е максимално да ги искористиме овие природни предности, да изградиме модерен, флексибилен и одржлив енергетски систем и да се позиционираме како регионален лидер во зелената енергетска транзиција – истакна министерката.

Вкупниот инсталиран капацитет на фотоволтаични електрани во земјата, информира, изнесува приближно 850 мегавати, со јасен тренд, како што рече, на натамошен раст. 

Постојаниот пораст на бројот на соларни електрани е резултат на зголемениот интерес на инвеститорите, но и граѓаните кои се повеќе ја препознаваат сончевата енергија како сигурно, исплатливо и одржливо решение. Овој интерес е видлив и преку интересот за нови инвестиции. лани прв пат во Македонија државата доби годишен план за инвестиции. Само во овој план од 2025 година има 481 барање за изградба на нови ветерни, соларни и гасни електрани. Посебно е важно што има интерес и за батериски системи за складирање енергија со што употребата на енергијата од обновливи извори ќе може да се користи уште повеќе. Веќе сме во финализација и на планот за 2026 година и очекуваме уште повеќе издржани иницијативи за инвестиции, подвлече Божиновска.

На настанот „Соларен ден – чиста енергија во пракса“ се обрати и директорката на ИНОВА, Даниела Димовска, а професорот Зоран Марков од Машинскиот факултет во Скопје одржа кратка едукативна сесија. Отворена е и панел-дискусија на тема „Соларната енергија во Македонија – можности и предизвици“. 

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:Божиновскадигитализиранефикасенмодерен
Претходен напис Намалена видливост поради магла на патот Попова Шапка – Лисец
Следен напис (ВИДЕО) Протест на превзниците: Блокиран сообраќајот за камиони на сите гранични премини
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?