Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска и Ландау потпишаа меморандум за унапредување на енергетската безбедност – енергијата станува клуч на стратешкото партнерство со САД
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска и Ландау потпишаа меморандум за унапредување на енергетската безбедност – енергијата станува клуч на стратешкото партнерство со САД
Агровести

Божиновска и Ландау потпишаа меморандум за унапредување на енергетската безбедност – енергијата станува клуч на стратешкото партнерство со САД

Објавено 08/04/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Меморандум за разбирање за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас потпишала министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, во рамките на официјалната посета на македонската владина делегација на САД.

– Меморандумот ја потврдува заедничката заложба за диверзификација на изворите и рутите за снабдување со природен гас, зголемување на отпорноста на енергетскиот систем, обезбедување стабилен, сигурен и достапен гас за државата, јакнење на регионалната поврзаност и интеграција на пазарите – информира Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС).

Заеднички став, потенцираат, е дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти што ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност на двете земји.

Потпишувањето се реализира во Вашингтон како дел од стратешкиот дијалог со САД, како што велат од МЕРМС, клучна платформа за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Дијалогот ги опфаќа најважните области за развој – енергетика, економија, безбедност и технологија.

– Документот предвидува и конкретни чекори за развој на инфраструктурата, подобрување на транспарентноста на пазарите на гас, со што се отвора можност за користење јавни и приватни финансиски инструменти, вклучително и поддршка од меѓународни финансиски институции и извозни кредитни агенции. Фокусот на разговорите е јасен – енергетска безбедност, економска соработка и конкретни проекти што носат стабилност, инвестиции и развој. Со овој договор Македонија ја зацврстува својата позиција во регионалните енергетски текови, со јасна ориентација кон поврзување со европските пазари, што директно придонесува за економска стабилност и долгорочен развој – се вели во соопштението. 

Во рамките на стратешкиот дијалог, министерката Божиновска учествувала на повеќе тематски сесии и реализирала билатерални средби со високи претставници на американската администрација.

Претходно, Божиновска остварила билатерална средба во Белата куќа, со Џеред Аген, заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот совет за енергетска доминација на САД. На средбата биле разменети ставови за унапредување на двостраната соработка во енергетскиот сектор, а искуството на Аген и неговото познавање на глобалните енергетски текови претставуваат важна основа за развој на идни партнерства и проекти.

– Министерката Божиновска ја истакна подготвеноста за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи нагласувајќи дека партнерството со САД претставува значаен фактор за долгорочна стабилност и развој на енергетскиот сектор. Овој чекор претставува силна потврда за стратешкото партнерството со САД и јасен сигнал дека државата се позиционира како кредибилен и активен фактор во регионалната енергетска архитектура – информира МЕРМС.

МЕРМС

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:безбедностБожиновскаенергијаЛандаумеморандумСАД
Претходен напис Експертите предупредуваат: Смоквата не е безбедна за садење близу домот
Следен напис Активности на ДЗС за подготовка пред сезоната на пожари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?