Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска-Гордеева: Енергетската ефикасност ќе донесе директни придобивки за граѓаните и државата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска-Гордеева: Енергетската ефикасност ќе донесе директни придобивки за граѓаните и државата
Агровести

Божиновска-Гордеева: Енергетската ефикасност ќе донесе директни придобивки за граѓаните и државата

Објавено 12/03/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Енергетската ефикасност беше во фокусот на денешната средба на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска со делегација на ЕБОР предводена од претставникот на ЕБОР во земјава, Фатих Туркменоглу и директорката на Одделот на ЕБОР за инфраструктура во Европа, Елена Гордеева.

Како што информираат од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС), главниот акцент на средбата беше ставен на реализацијата на енергетската ефикасност кај јавни објекти во државава, што ќе придонесе кон стабилен и одржлив енергетски систем.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Божиновска, на средбата ја истакна посветеноста на Министерството во однос на поскора реализација на обврските според коишто, секоја година е предвидено да се реконструираат најмалку 3 проценти од вкупната корисна подна површина на јавните згради, при што мерките за енергетска ефикасност се задолжителен и нераздвоен дел од секоја реконструкција.

МЕРМС, како што нагласи министерката Божиновска, како носител на оваа стратешка реформа, интензивно работи на обезбедување финансиски средства за реализација на обврските што произлегуваат од Реформската агенда.

-Реализацијата на енергетската ефикасност претставува крупен исчекор кон намалување на потрошувачката на енергија, подобри услови во институциите и значително намалување на емисиите на штетни гасови– со директни придобивки за граѓаните и државата, се посочува во соопштението од МЕРМС.

МИА

Може да ви се допадне

ЈУ Национален парк „Пелистер“: Целосно изгаснат пожарот на Пелистер
Ангелов: Тежок пожар во атарот на селата Локов и Буринец, Струшко, драматично и во општина Боговиње, каде пожарникарите спречиле огнот да дојде до селото Јеловјане
Русија воведе дигитална рубља
Препораки на ИЈЗ за училиштата: „Здрави ученици – здрава иднина!“
ЦУК: Активни два пожара на отворен простор, четири ставени под контрола
Таг:БожиновскаГордееваграѓанитедржаватаЕнергетската ефикасност
Претходен напис Најстудено утрово во Берово минус пет, во текот на денот сончево и топло до 21 степен
Следен напис ДЗР констатирал слабости во начин на организација на инспекцискиот надзор од областа на урбанизмот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?