Едно од бактериските заболувања кое може да го загрози нејзиното производство е пламеница, додека сивото гниење редовно се јавува во затворен простор а белото гниење во време на формирање на главицата.
Зелената салата е градинарска култура со кратка вегетација. Зеленчук кој се користи во свежа состојба. Се одгледува на отворено а на нашето подрачје повеќе е со пластеничко производство.
Пламеницата може да се појави во сите фази на развој на салатата
Едно од габичните заболувања кое може да го загрози производството е пламеницата, која може да се јави во сите фази на развој на салатата. Причина за болести е габата Bremia lactuca. Вирусот се одржува во заразени растенија и во растителните остатоци. Котиледоните на младите растенија можат да бидат целосно зафатени и прекриени со габата поради што нападнатите растенија брзо се уништуваат. На лисјата на старите растенија се забележуваат светло зелени до жолти дамки, заокружени со лисни нерви. Дамките со текот на времето добиваат темноцрвена боја. На лицето на листот,во форма на дамки,во услови на влажно време,се појавува бела покривка која ги претставува репродуктивните органи на габата. Услови на зголемена влажност ја развиваат пламеницата. Поради појава на болеста намален е квалитетот и приносот на растението.
Сивото гниење редовно се јавува во производство на салата во затворен простор
Botrytis cinerea предизвикувач на сивотот гниење предизвикува значителна штета на голем број растенија кои се одгледуваат во овоштарник, лозаропроизводството и градинарското производство. Редовно се јавува во производство на салата во затворен простор во сите фази на развој на растението, од расад до краен производ. За развој на болеста одговара висока влажност на воздухот а проветрувањето на пластеникот е од голема важност за да се намали влагата. Првите симптоми се манифестираат во вид на водени дамки во основата на листот, кои подоцна стануваат прекриени со сив миселиум на габата. Инфекцијата обично се оставрува на местата каде листот е оштетен. Многу заразените растенија се место за сапрофитните бактерии каде внатрешните листови се претвораат во леплива маса.
Белото гниење најчесто во време на формирање на главицата
Белото гниење (Sclerotinia sclerotiorum) најчесто се јавува во време на формирање на главицата. Во зоната на кореновиот врат на местото на поминувањето на патогенот во растението се забележува темно гниење. Кај заразените растенија главицата лесно се одвојува од коренот кој останува во земја. На делот на лавицата кон земјата се формира густ, бел мицелиум на габата. И овој патоген се одржува во земјиштето и во заразените растителни остатоци. Ниските температури и високата влажност се погодни за развој на патогенот. За заштита на салатата од овие патогени најголемо значење имаат превентивните мерки. За производство на салата треба да се бира посуво земјиште и терени на сонце. Со брзо сушење на листот се намалува можноста за инфекции. Исхраната мора да биде балансирана со правилни ѓубрива.
Со одржувањет на хигиената на пластеникот, отстранување на заразените растенија, детално чистење на пластеникот од растителните остатоци при промена на посевите се намалуваат инфективните потенцијали на патогените. Во заштитен простор да се регулираат влажноста и температурата, умерено да се наводнува и проветрува. Одгледувајте помалку чувствителни сорти, пресадувајте ја салатата на фолија и користете плодоред. Хемиската заштита подразбира употреба на регистрирани препарати со почитување на прописите.
Напишете коментар