Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Богоев: Нула толеранција за криминалот и корупцијата – нов систем за видео надзор се воспоставува на сите гранични премини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Богоев: Нула толеранција за криминалот и корупцијата – нов систем за видео надзор се воспоставува на сите гранични премини
Агровести

Богоев: Нула толеранција за криминалот и корупцијата – нов систем за видео надзор се воспоставува на сите гранични премини

Објавено 06/03/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички е веќе воспоставен на граничните премини Дојран, Свети Наум, Табановце, железничка станица Гевгелија и аеродромот Охрид, а во следниот период ќе се воспостави и на останатите 14 гранични премини низ државата. Дежурниот царински центар на Царинската управа од денеска располага со сите податоци кои ги вчитуваат поставените „паметни камери“ на овие гранични премини. Информациите од системот ќе се складираат во податочен склад и истите ќе се користат за напредни анализи на податоци, за анализа на ризик, како и за истрагите што ги води Управата со цел сузбивање на криминалот и корупцијата. Денеска, директорот на царинска управа Стефан Богоев и заменик директорот Муарем Асани заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и Татјана Марковска специјалист за приватен сектор при Канцеларијата на Светска банка, го посетија Дежурниот царински центар и граничниот премин Дојран со цел увид на реализацијата на проектот.

„Ветив нула толеранција за криминалот и корупцијата. Ова се овозможува само со конкретни проекти кои трајно ќе го искоренат криминалот. Системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички во секое време информира за фреквенцијата на граничните премини, кое возило со која регистарска табличка, боја и марка на возилото влегло во државата и како се движело низ граничните премини во одреден период, но исто така алармира доколку некое лице се движи во недозволени области околу премините. Сите информации се внесуваат во податочен склад при што доколку понатаму е потребно да се извади статистика за движењето на одредено возило за кое на пример има потерница, истите информации ни се достапни веднаш“, истакна Богоев.

Министерот за транспорт и врски вели дека системот целосно ќе се имплементира годинава и оти неговата ефикасност во насока на подобрување на работата на граничниот премин е веќе видлива преку имплементацијата на системот на граничниот премин Дојран.

„Водејќи се од потребата да го забрзаме и да го зголемиме протокот на сообраќај на граничните премини, Министерството за транспорт и врски го набави овој информатички систем како дел од Проектот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан. Се работи за нов централизиран видео систем, кој се поставува на сите гранични премини во Република Северна Македонија. Опфаќа систем за видео надзор со 350 различни типови на дигитални камери со аналитички функции, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците“, потенцира Бочварски.  

За реализација на системот се обезбедени средства во висина од околу еден милион евра преку Проектот на Светска банка за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка во нашата држава, Масимилијано Паолучи посочи дека трговијата и меѓународната интеграција се од суштинско значење за економскиот раст на земјите со мал домашен пазар како Северна Македонија.

„Како што сугерира една неодамнешна студија на Светска банка, подобрувањето на трговското олеснување и ефикасноста на границите може да го зголеми националниот доход до 3% низ Западен Балкан. Преку проект за регионална трговија и транспорт во вредност од 105 милиони долари, кој ги вклучува РС Македонија, Србија, Албанија и Црна Гора, целта ни е да ги поддржиме земјите-учеснички да ги намалат времето и трошоците потребно за спроведување на граничните формалности со цел подобрување на регионалната трговија. Преку проектот ќе се финансираат интервенции како на пример дигитална платформа за дозволи за извоз/увоз, надградба на граничната инфраструктура и Интелигентен транспортен систем на коридорот 10. Системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички што ќе се имплементира на сите гранични премини, почнувајќи со оној во Дојран предвидува забрзување на граничните премини за товарни возила, рационализација на трговијата за овластените економски оператори“, истакнува Паолучи.

Може да ви се допадне

Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Резултатите за водата во Гостивар ќе бидат објавени откога ќе одобри Обвинителството
Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Таг:богоеввидео надзоргранични преминикриминалотНула толеранција
Претходен напис Променливо облачно, попладне повремен локален дожд
Следен напис Единствено во НАЈК ПРОМ ДООЕЛ! СЕАЛКА GUNGOR AGRI – Квалитетна, Прецизна, Ефикасна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?