Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Богоев: Камионите со стока кои увезуваат или извезуваат во Србија ќе се мерат само еднаш 
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Богоев: Камионите со стока кои увезуваат или извезуваат во Србија ќе се мерат само еднаш 
Агровести

Богоев: Камионите со стока кои увезуваат или извезуваат во Србија ќе се мерат само еднаш 

Објавено 18/01/2024
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот Богоев во емисијата Македонија наутро на МРТ1 посочи дека со Меморандумот за признавање на белешките од мерење на царинските терминали, т.н. кантарски белешки помеѓу Македонија и Србија, од први февруари македонските компании кои увезуваат или извезуваат во Србија и обратно, камионите со стока ќе ги мерат само еднаш, а со тоа ќе заштедат и време и пари.

Богоев истакна дека потврдата од српска царина за мерењето ќе важи и кај нас, а нашата ќе важи и на нивна страна.

На пример, доколку македонска компанија извезува во земји од Европска Унија, камионот се мери на излез од Македонија, на граничен премин Табановце, потоа на влез во Србија не се мери. Камионот транзитира низ Србија, стигнува на српско-хрватска или српско-унгарска граница, повторно на излез од Србија не се мери, туку се мери при влез во Хрватска или Унгарија, во зависност од земјата кон која патува.

Во 2023 година имаме 30% раст на бројот на заплени и 60% раст на бројот на поднесени кривични пријави во споредба со 2022 година. Откривачката дејност и заплените се рефлектираат врз приходите во Царинската управа, што значи повеќе пари во државниот буџет за модерна инфраструктура, нови градинки и училишта, повеќе пари за повисоки плати и пензии.

Може да ви се допадне

ОД ШТАЛА ДО РУРАЛЕН ТУРИЗАМ: Како словенечката фарма „Фирбас“ стана европски хит
Европски модел кој инспирира: Како задругата „Мелинда“ во Италија ги спаси семејните фарми
Лекција од соседите: Како српските пчелари САМИ ГО РЕШИЈА ПРОБЛЕМОТ СО ПЛАСМАНОТ на медот
Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Таг:БогоеведнашКамионитемератСрбијастока
Претходен напис (Во живо) Потпишување договор за изградба на четири системи за наводнување
Следен напис Почнува реализацијата на новите системи за наводнување кои ќе опфатат 13 000 хектари земјоделско земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?