Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Богоев: Дијалог и спроведување мерки за олеснување на трговијата, клучно за забрзан раст на економијата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Богоев: Дијалог и спроведување мерки за олеснување на трговијата, клучно за забрзан раст на економијата
Агровести

Богоев: Дијалог и спроведување мерки за олеснување на трговијата, клучно за забрзан раст на економијата

Објавено 13/03/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дијалогот со македонските компании и спроведувањето на мерките за олеснување на трговијата е клучно за забрзан раст на економијата, истакна директорот на Царинската управа Стефан Богоев при посетата на македонската компанија ИГМ Трејд во Кавадарци.

– ИГМ Трејд е еден од најголемите домашни инвеститори во државата со вкупни инвестиции на ниво на групација во 2023 година од 15 милиони евра и извоз од 120 милиони евра. Оваа компанија е пример како со визија може да се прерасне во светски гигант кој е препознатлив и на меѓународниот пазар. Континуираниот дијалог со македонските компании е во насока на креирање ефективни политики и мерки со коишто ги подобруваме услугите, а со тоа и условите за водење бизнис. Ова е клучно за остварување забрзан раст на економијата, што придонесува за повеќе работни места и подобрување на животниот стандард, нагласи Богоев.

Тој потенцира дека за Царинската управа, како институција која е партнер на македонските компании, е од голема важност спроведувањето на реформските политики и имплементацијата на мерките коишто за компаниите ќе значат олеснување на трговијата, а преку имплементацијата на системите се придонесува за отстранување на бирократските процедури и побрзо издавање на потребните одобренија за увоз и извоз.

– Во моментов преземаме активности за имплементација на Национален едношалтерски систем, кој подразбира имплементација на еден цел реформски процес во кој се вклучени 16 институции се со цел да се овозможи олеснување и забрзување на трговијата како клучно за подобрување на условите за водење бизнис и забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ. Паралелно работиме и на унапредување на останатите системи и нивно усогласување со системите што се користат во ЕУ, вели Богоев.

Тој ја посочи компанијата ИГМ трејд како безбеден и сигурен партнер на Царината, која користи одобрение за овластен економски оператор, што овозможува побрзи и поевтини прекугранични постапки, одобрение за одобрен извозник што им овозможува извоз за пократок временски рок, за поедноставени постапки за локално царинење при увоз и извоз.

– Освен тоа, компанијата поседува и одобренија за поедноставени постапки за овластен примач и овластен испраќач што им овозможува поедноставено спроведување на транзитни постапки, истакнуваат од Царинската управа.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:богоевДијалогекономијатазабрзан растспроведувањетрговијата
Претходен напис Најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија
Следен напис Исплатени 455.3 милиони денари за над 1770 одгледувачи на овци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?