ОВР – Берово известува дека денеска во периодот од 08:00 до 12:00 часот, на местото викано „Говедарнико“ во Пехчево, на неуредено стрелиште, ќе се реализира боево гаѓање со резервниот состав на ОВР – Берово.
Заради постигнување максимална безбедност и непречено одвивање на гаѓањето, граѓаните се повикуваат да се воздржат од движење и престој на наведеното место во определениот временски период.
Надлежните апелираат до населението да го почитува известувањето и безбедносните препораки за да се спречат евентуални несакани последици.
МИА
