Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Започнуваме со реализација на цевковод за водоснабдување во општина Новаци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Бочварски: Започнуваме со реализација на цевковод за водоснабдување во општина Новаци
Рурален Развој

Бочварски: Започнуваме со реализација на цевковод за водоснабдување во општина Новаци

Објавено 29/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

„Инвестираме во сите општини, започнуваме со реализација на цевковод за водоснабдување во општина Новаци. Како централна власт продолжуваме да инвестираме значајни средства во локалните самоуправи, даваме поддршка на сите општини за реализација на инфраструктурни проекти со кои директно го подобруваме квалитетот на живот на граѓаните“, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски од Новаци, каде денеска започнуваат градежните работи за изведба на цевковод за водоснабдување на населените места Бач и Живојно.

Тој потенцираше дека станува збор за голем комунален проект чија целосна проектна документација и проектирање е изработено од страна на Министерството за транспорт и врски и опфаќа повеќе фази.

Со овој проект во прва фаза се опфаќа изградба на доводни цевководи, заедно со пумпни станици и доградба на резервоарот за населените места Бач и Живојно. Рокот за изведба на проектот е 6 месеци.

„Денеска сме наоѓаме тука во Бач каде започнуваме со градежни активности за изградба на цевковод за водоснабдување на населените места Бач, Брод, Живојно и Добровени. Проектот е комплетно проектиран во Министерството за транспорт и врски и денеска започнува реализацијата на првата фаза. Инвестираме средства во висина од 27,5 милиони денари, од кои 26,2 милиони денари се преку буџетот на Министерството, а и општина Новаци учествува со свои средства во висина од 1,3 милиони денари. Како поранешен градоначалник знам колку е битна поддршката од централната власт, особено за вакви крупни инфраструктурни проекти кои решаваат значајни прашања за локалното население.“ – изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Градоначалникот Стевановски истакна дека ова е голем настан за општина Новаци, бидејќи започнува реализацијата на проект кој решава голем проблем со водоснабдувањето на локалното население.

Тој изрази благодарност до министерот Бочварски и Министерството за транспорт и врски за поддршката што ја добива општината и потенцираше дека со заедничка координација реализацијата на овој проект ќе се заврши во предвидеинот рок и ќе овозможи развој на околните населени места.

Министерот Бочварски исто така информираше и за уште еден важен проект за регионот кој започнува со реализација, а тоа е реконструкцијата на регионалниот пат Битола – граничен премин Меџитлија.

Договорите со фирмите изведувачи се потпишани, тие се веќе воведени во работа и во овој момент на терен течат подготвителните активности.

Градежната офанзива продолжува низ целата земја, и покрај последиците од светските кризи кои се чувствуваат и во нашата земја се работи скоро во секоја општина, активно и во континуитет се реализираат сите започнати проекти.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:новацицевковод
Претходен напис Црвено предупредување за 17 отсто од територијата на Европа: Нивото на водата е ниско, изворите пресушуваат
Следен напис И денеска променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?