Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Го развиваме Дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на три патишта во општина Дојран
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Бочварски: Го развиваме Дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на три патишта во општина Дојран
Рурален Развој

Бочварски: Го развиваме Дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на три патишта во општина Дојран

Објавено 15/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вложуваме преку 30 милиони денари за подобрување на локалната патна мрежа во Дојран, обезбедуваме регионален раст и развој и подигнување на туристичкиот потенцијал на дојранскиот регион, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска беше во работна посета на општина Дојран.

Министерот Бочварски остварил средба со градоначалникот на Дојран, Анго Ангов, со кој го потпишале договорот за реконструкција на три локални патишта во Дојран, за чија инвестиција обезбедени се средства од централната власт преку Проектот за поврзување на локални улици и патишта.

– Денеска заедно со градоначалникот Ангов го потпишавме договорот за реконструкција на три локални патишта кои општина Дојран ги означи како приоритетни и тоа во населените места Црничани, Николиќ и Фурка. Преку Министерството за транспорт и врски за овие 3 локални патишта обезбедивме речиси 26 милиони денари. Постапката за избор на изведувач е завршена, изведувачот е спремен со механизација да започне со градежни активности во секој момент. Го развиваме Дојран и околината, го подобруваме квалитетот за живот на граѓаните, но најважно од се го подобруваме и туристичкиот потенцијал на целиот регион, изјавил министерот Бочварски, стои во соопштението од Министерството за транспорт и врски.

Градоначалникот на Дојран, Ангов нагласил дека е од големо значење средствата и поддршката што ја добиваат од централната власт.

– Ние и во претходниот период работевме на неколку места во Дојран, реализиравме проекти со средства од Владата. Сакам да потенцирам дека поддршката продолжува, соработката со Министерството за транспорт и врски е одлична, така ќе биде и во целиот нареден период, бидејќи само така заеднички можеме да постигнеме повеќе за нашите граѓани и за Дојран, изјавил градоначалникот Ангов, пренесе МИА.

Во рамки на посетата министерот Бочварски и градоначалникот Ангов извршиле увид и во реконструкција на водоводниот систем во населеното место Фурка.

Може да ви се допадне

Општина Дојран ќе добие нова механизација преку проект на Министерството за локална самоуправа
Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Таг:бочварскидојран
Претходен напис Урнат митот за кравите како најголеми загадувачи – Влијанието на метанот произведен од добитокот врз глобалното затоплување е многу помало во споредба со јаглерод диоксидот
Следен напис Дали рускиот амонијак ќе доаѓа на светскиот пазар преку Украина?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?