Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Браната на реката Отиња во Штип се гради со силна динамика
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бочварски: Браната на реката Отиња во Штип се гради со силна динамика
Агровести

Бочварски: Браната на реката Отиња во Штип се гради со силна динамика

Последна измена: 18/12/2023 13:13
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Министерство за транспорт и врски става силен фокус на изградба и модернизација на целокупната инфраструктура во земјата, а особено работиме на проекти од кои директен бенефит имаат граѓаните и локалните самоуправи, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска изврши увид во градежните активности на браната на река Отиња во Штип.

Бочварски истакна дека браната е инвестиција на Владата, во износ од преку 300 милиони денари. Со проектот е предвидено да се изведе камено-земјена брана во висина од 33 метри. Таа пред сè ќе биде наменета за водоснабдување со технолошка вода за потребите во градот и интервентно дополнување на водоводниот систем со сурова вода.

default

Бочварски истакна дека во овој момент се работи на изградба на зафатот и на бочниот преливник и дека очекува наскоро да започне изградбата и на телото на браната.

– Разговаравме со претставници од изведувачот и надзорниот орган, кои ни ги претставија активностите кои се реализираат на терен при изградбата на овој огромен, капитален проект за Штип и штипјани, проект кој наназад се збори со генерации, но токму оваа Влада обезбеди средства и истиот го гради. Предизвиците со кои се соочивме во изминатите месеци се надминуваат, а динамиката се зголемува. Темелниот испуст е веќе завршен, како и завршена е реализацијата и на инекционата завеса. Загатот на кој сега се работи е реализиран од скоро 50%, додека вкупниот прогрес на изградба на браната изнесува околу 60 отсто, вели Бочварски.

default

Тој додаде дека Министерството за транспорт и врски обезбеди и околу 16 милиони евра, поддршка за реализација на инфраструктурни проекти за општините. 

Може да ви се допадне

Ракијада во Кавадарци, доделени награди за најдобрите мали производители на меѓународно ниво 
На граничните премини Табановце и Богородица се чека 30 до 40 минути
Просечната нето плата во април 45.452 денари
Повторно поскапува дизелот
Минималните трошоци во јуни зголемени за 790 денари, кај храната зголемување од 733 денари
Таг:бочварскиБранатаОтињасилна динамикаШтип
Претходен напис Водостоите на поголем дел од реките во земјава повисоки од декемврискиот просек
Следен напис Вицепремиерот Битиќи и министерот Николовски на увид во завршните работи на браната „Конско“ кај Гевгелија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?