Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Блокиран патот Градско – Прилеп, се бара итна санација на сифонот Макарија за наводнување на земјоделските површини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Блокиран патот Градско – Прилеп, се бара итна санација на сифонот Макарија за наводнување на земјоделските површини
Агровести

Блокиран патот Градско – Прилеп, се бара итна санација на сифонот Макарија за наводнување на земјоделските површини

Објавено 07/06/2023
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И денеска е блокиран регионалниот пат Градско – Прилеп. Со протест се бара итна санација на оштетениот сифон Макарија на хидромелиоративниот систем „Тиквеш“.

Блокадата ќе остане до 13 часот, а се пропуштаат итни случаи. Учесници на протестот за МИА изјавија дека се револтирани поради проблемот со каналот за наводнување.

Тие бараат најбрза санација, како и алтернативен начин за наводнување, додека се врши санацијата. Затоа што, како што нагласуваат, загрозени им се земјоделските култури и нивната егзистенција.

Претседателот на месната заедница Сирково Веле Коцев за МИА информираше дека бараат вонредна седница на Совет на Општина Росоман, прогласување на елементарна непогода и алтернативно решение за да се спаси сезоната.

Блокадите ке траат до изнаоѓање на решение.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера ги информираше земјоделците од општина Росоман дека заеднички со другите институции во изминатиот период активно работеле на изнаоѓање решение за отстранување на дефектот настанат на сифонот Макарија.

Владата пак информираше дека на вчерашната седница ја разгледала и усвоила Информацијата за состојбата со сифон Макарија, во ХМС „Тиквеш“, по настанатото оштетување, од коешто најзасегнати се земјоделците од општина Росоман, како и понуденото решение од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:макарија
Претходен напис Холандските живинари пред уште еден предизвик
Следен напис Еко автобуска постојка од која се земаат пакетчиња со семиња поставена во Општина Карпош
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?