Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бизнисмени од Турција ќе инвестираат во индустриската зона во Новаци
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бизнисмени од Турција ќе инвестираат во индустриската зона во Новаци
Агровести

Бизнисмени од Турција ќе инвестираат во индустриската зона во Новаци

Објавено 28/05/2025
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Бизнисмени од општината Тире која е составен дел на турскиот град Измир ќе инвестираат во индустриската зона Новаци која на располагање нуди можност за градба на 15 фабрики од лесната индустрија.

Градоначалникот на Општина Новаци Стевче Стевановски ги информира турските бизнисмени и градоначалникот на Тире, Ајати Окуроглу дека индустриската зона е оформена и во моментов се работи на сообраќајниците на зоната.

-Со претставниците на индустриските зони во Тире имаме воспоставена соработка која е со цел да ја промовираме новата индустриска зона која во овие три години со наше залагање е во напредна фаза од изградбата. Нашата цел е да привлечеме што поголем број потенцијални инвеститори од Република Турција кои припаѓаат на лесната незагадувачка индустрија за што е фокусирана индустриската зона во Новаци. Во овие три години се вложивме во изградбата на индустриската зона, никулците се видливи, работиме на главните сообраќајници. Новата индустриска зонакоја е на површина од 20 хектари  и таа ќе ја развие економијата и квалитетот на животот на населението во Општина Новаци, а со тоа директно ќе придонесуваме за развој на Пелагонискиот регион. Во зоната може да се изградат 15 фабрики, а половина од парцелите се продадени на домашни и странски инвеститори, најголем дел од Турција, односно од Сакарија, Газиантеп, а ќе има и од Измир, истакна градоначалникот Стевановски.

Во изјава за медиумите, градоначалникот на Општина Тире, Ајати  Окуроглу посочи дека очекува со градоначалникот Стевановски наскоро да пресечат лента во индустриската зона.

-Презадоволен сум што сум во Општина Новаци. Тука сум со делегација од најголемата бизнис комора. Гледаме дека во Општина Новаци има потенцијал за земјоделски развој и затоа во најкус рок како градоначалници сакаме токму тука да пресечеме лента, истакна градоначалникот Ајати.

На средбата со градоначалниците и претставници на бизнис секторот од пелагонискиот регион учествуваше и Метин Акташ, потпретседател на најголемата комора во егејскиот дел на Турција, како и менаџер на 8 фабрики во индустриската зона во Тире.

-Нашата посета ја реализираме со бизнисмени од повеќе различни сектори почнувајќи од градежниот до земјоделскиот сектор. Нашето искуство сакаме да го донесеме тука и да го правиме тоа што го правиме во нашата земја. Новаци и градоначалникот Стевановски брзо реагираат, нема пречки за инвестиции и задоволни сме од нивната љубезност, истакна Акташ.

Турската трговска делегација претпладнево ја посети и Општина Битола каде беа информирани за можностите што ги нуди градот и индустриската зона „Жабени“, а попладне гостите од Тире и Измир ќе го посетат битолскиот Музеј и спомен собата на Мустафа Кемал Ататурк

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бизнисмениинвестираатНовациТурција
Претходен напис Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години
Следен напис ЈП „Стрежево“-Битола, 12 години ќе стопанисува со акумулцијата „Стрежево“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?