Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бизнис форум: Инфраструктурата, извозот и иновативноста – трите „И” кои се клучни за македонската економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бизнис форум: Инфраструктурата, извозот и иновативноста – трите „И” кои се клучни за македонската економија
Агровести

Бизнис форум: Инфраструктурата, извозот и иновативноста – трите „И” кои се клучни за македонската економија

Објавено 16/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Оперативни и без одлагање за македонската економија мора да бидат инфраструктурата, извозот и иновативноста, тоа се трите „и” кои се клучни за отворање на пазарите и за натамошен развој – порачаа учесниците на денешниот Македонско-австриски бизнис-форум, што се одржува во Стопанската комора.

Македонија, беше истакнато, е географски предодредена да биде центар на европските коридори и тоа треба максимално да го искористи преку реализација во инфраструктурни проекти. Во овој сегмент е најважно да покаже капацитет.

– Протоколот не гради патишта и не произведува мегавати. Денешниот форум е организиран со сосема поинаква намера – да зборуваме директно, оперативно и без одлагање за она што е крвотокот на секое стопанство: инфраструктурата и енергетиката. Мојот став, кој со години неуморно го повторувам, а дека, без, брзи, модерни и безбедни патишта, без модернизирана железница и без предвидлив, одржлив енергетски систем, македонската економија не може да направи реален чекор во нејзиниот развој. Не можеме да очекуваме висока продуктивност, конкурентен извоз или регионална интеграција ако камионите со стока ни стојат, рече претседателот на Комората, Бранко Азески.

Тој напомена дека кога станува збор за сообраќајните и енергетските коридори, бизнисот со години бара целосна ревитализација.

-Погледнете го портфолиото на австриските компании што се денес тука, меѓу нас. Тоа не се компании што нудат апстрактни идеи, туку лидери кои точно ги адресираат нашите најгорливи инфраструктурни и енергетски проблеми. Додека ги градиме и обновуваме коридорот 10 и врските од коридорот 8, нам ни требаат докажани технологии, потенцира Азески.

Форумот е во организација на Стопанската комора и Трговското одделение при Австриската амбасада во Скопје (Advantage Austria). Настанот е платформа за интензивирање на билатералната економска соработка и директно поврзување на угледни австриски компании со надлежните македонски институции и ресорни министерства, како и со македонските деловни субјекти, велат од Комората.

Фокусот е ставен врз актуелните и планираните капитални инвестиции, транзицијата кон обновливи извори на енергија, модернизацијата на сообраќајната мрежа и можностите за спроведување современи технолошки решенија.

На форумот се вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски,  министерката за енергетика Сања Божиновска, како и градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски. 

МИА

Може да ви се допадне

Зголемен прометот од продажба на услугите
Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати
Без струја дел од корисниците во општините Петровец и Кисела Вода
Одлуки за избор на кандидати по Интерен оглас број 03/26
Таг:бизнис форумизвозотмакедонската економија
Претходен напис Од денеска до сабота терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје
Следен напис Зголемен прометот од продажба на услугите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?