Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Успехот на домашните компании е успех за целата држава
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Битиќи: Успехот на домашните компании е успех за целата држава
Агропрогноза

Битиќи: Успехот на домашните компании е успех за целата држава

Објавено 21/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Да се опстои на домашниот и меѓународните пазари 85 години е навистина успех, а тој успех не би бил можен, доколку Алкалоид не ги следи светските трендови во фармацевтската индустрија и постојано вложува во технолошки развој, во своите вработени и во создавање нови квалитетни производи, со кои го зголемува обемот на производство и приходите, порача вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Тој беше во работната посета на компанијата Алкалоид Скопје, каде оствари средба со генералниот извршен директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, кој му ги презентираше историјатот и развојните планови на компанијата, а заеднички извршија обиколка на дел од производствените погони.

-Како Влада, сме среќни кога имаме можност да ги поддржиме развојните планови на компаниите, имаме многу механизми со кои тоа го правиме, затоа што знаеме дека тоа ќе донесе бенефит не само за таа конкретна компанија, туку и за нејзините вработени, за нови вработувања, генерално за целата економија. Компанијата Алкалоид има склучено договор со Владата преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите вo 2018 година, со кој превидуваат петгодишен инвестициски циклус и во три години веќе се вложени 23,4 милиони евра, а како поддршка од Владата, за мерките од договорот, во овие три години кумулативно се исплатени 3,58 милиони евра. Секоја компанија која инвестира во развој на производството и на вработените, може да ја искористи поддршката од Владата преку Законот, посочи вицепремиерот Битиќи на средбата со генералниот директор на Алкалоид, Живко Мукаетов и му го честиташе јубилејот – 85 години од постоењето на компанијата.

Нагласи дека успехот на домашните компании, претставува успех за целата држава.

-Компаниите, со нивните производи се репрезенти на државата на меѓународните пазари и колку е поголем асортиманот на производи и нивниот квалитет, толку повеќе Република Северна Македонија станува препознатливо место за добра бизнис клима и конкурентна локација за реализација на нови инвестиции, на домашни и на странски компании, рече Битиќи.

Од Алкалоид информираа дека се посветени кон постојан раст и развој на компанијата, како на домашниот, така и на меѓународните пазари. Посочија дека инвестициите во нови производни линии не застанаа ниту во периодот на пандемијата, вложени се над 11 милиони евра во комплетирање на одделението „Пакување на цврсти форми“, со нови линии на површина од 7.000 квадратни метри, со кое ќе се овозможи зголемување на капацитетите за производство за околу 50 отсто, односно од претходниот капацитет од две милијарди таблети и капсули годишно, на повеќе од три милијарди парчиња цврсти фармацевтски форми.

Во разговорот со вицепремиерот Битиќи, Мукаетов истакна дека компанијата во моментов ги пласира своите производи на над 40 пазари, а во 2020 година е остварена добивка од околу 19 милиони евра, што е за околу 15 отсто повеќе во однос на 2019 година. Воедно, бројот на вработени во 2020 година е зголемен за 210 лица. Алкалоид, како што кажа, продолжи со својот развој и во 2021 година, при што во првата половина од годината веќе се реализирани нови 58 вработувања и во проценти се бележи двоцифрен раст на добивката во однос на првата половина од 2020 година.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне дожд
Таг:АлкалоидбизнисБитиќи
Претходен напис Времето денес сончево, со мала до умерена локална облачност
Следен напис Нуредини: Го ставивме Студенчишко Блато под привремена заштита
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?