Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Некоректно и неморално е што одредени компании ги зголемија цените
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Некоректно и неморално е што одредени компании ги зголемија цените
Агровести

Битиќи: Некоректно и неморално е што одредени компании ги зголемија цените

Објавено 03/06/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компаниите кои ги зголемија цените изминативе денови ќе се соочат со соодветен одговор од државните институции, бидејќи нивното однесување во изминати три дена е некоректно и неморално, рече вицепремиерот за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции во одговор на новинарско прашање за воведувањето на антикризни мерки.

– Со особено внимание следиме што се случува овие три дена на слободниот пазар. Одредени компании се однесуваат некоректно, неетички и неморално на кон зголемување на цените. Тоа набрзо ќе наиде на одговор од страна на институциите. Не можеме да прифатиме дека цена, за 24 часа може да порасне за 20 отсто кога производствената цена не може да порасне 24 часа за 20 отсто. Сметам дека тоа е само манипулација којашто ја прават кон нашите граѓани и за тоа секако соодветно треба да реагираат инспекциските служби. Јас очекувам набргу извештај од инспекциските служби со мерки за сите коишто тоа го имаат направено, рече Битиќи, кој денеска присуствуваше на отворање на Саем за вработување и кариера во седиштето на Младинскиот ресурсен центар „I Can” во Гостивар.

Вицепремиерот за економски прашања, за антикризните мерки нагласи дека Владата предвидела одредени финансиски средства со ребалансот, што според него е околу 73 милиони евра.

– Веќе ги правиме сите анализи, штом се изгласа ребалансот сметам дека ќе бидат донесени, но антикризните мерки нема да бидат мерки коишто се сè опфатни. Мора да бидат таргетирани за специфични целни групи коишто се најзагрозени и компании коишто се најзагрозен, кажа Битиќи.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Битиќи
Претходен напис Спасова: Формирани се комисии за проценка на штета за општините Ново Село, Босилово и Струмица
Следен напис Попладне дожд, за викендот многу топло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?