Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви
Агровести

Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви

Објавено 18/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека доколку е потребно, можно е да се активираат стоковните резерви.

Според Битиќи, леб ќе има и тоа, како што рече, по реално пристојни цени.

Оценка на вицепремиерот е дека цените растат поради „нашето неодговорното однесување“, а одредени маркети, смета, се најголеми профитери.

„Се испостави во одредени маркети дека токму таму се најголемите маржи. Цените растат и зашто поскапуваат суровините. Тука не можеме да интервенираме зашто сме увозно зависни“, рече тој.

Битиќи рече и дека од септември се планираат мерки за помош на граѓаните, но не прецизираше какви, само потврди дека најверојатно нема да има ваучери како поранешните „купувај домашно“.

„Не би кажал дека може да очекуваме ваучери, но ќе има мерки за ублажување на кризата. Не би можел да кажам и дека ќе бидат слични мерките за граѓаните зашто во овој момент се гледа што најбрзо ќе даде ефект. За жал, не сме во можност и ситуацијата не е таква како во првиот период на КОВИД кога можевме да овозможиме. Тогаш интервенциите беа да одговориме соодветно за да ја задржиме економијата да не паѓа уште повеќе“, објасни Битиќи.

Навраќајки се на неодговорното однесување, тој како пример го посочи земјоделскиот сектор. Се даваат, потенцира, огромни субвенции, а производството се намалува.

„Поради тоа и отворивме јавна дискусија за реформи во моделот на субвенционирање. Вистинските земјоделци не треба да стравуваат. Тие ќе добијат достоинствени субвенции, но оние што се обидуваат на нивен грб да профитираат, треба да бидат загрижени“, рече Битиќи.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:Битиќицени
Претходен напис Лозари од Тиквешко најавуваат протест, незадоволни се од откупните цени
Следен напис Европа се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?