Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: БИСЛИМОСКИ: Нема причина за паника, нема да се прави корекција на цената на електричната енергија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > БИСЛИМОСКИ: Нема причина за паника, нема да се прави корекција на цената на електричната енергија
Агровести

БИСЛИМОСКИ: Нема причина за паника, нема да се прави корекција на цената на електричната енергија

Објавено 05/10/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски вели дека не гледа причина за поскапување на електричната енергија за домаќинствата иако цената на светските берзи се зголеми на 140 до 150 евра за мегават час и порачува дека актуелната цена ќе остане најмалку до крајот на декември.

– Засега не гледам причини за корекции на цената на електричната енергија и нема причина да се прави каква било паника. Граѓаните треба да бидат мирни зашто АД ЕСМ го покрива пазарот во целост и ги обезбедува потребните количини на електрична енергија за Универзалниот снабдувач по цена од 36 евра за мегават час, изјави Бислимоски.

Нагласи дека цената на електричната енергија секогаш се утврдува во јуни и важи најмалку до крајот на декември, а потоа се распишува нов тендер за набавка на електрична енергија за потребите на регулираниот пазар.

-На новиот тендер АД ЕСМ повторно ќе има понуда за снабдување на Универзалниот снабдувач со електрична енергија и не мислам дека може да се очекуваат промени, посочи Бислимоски.

За зголемувањето на цената на електричната енергија на светските берзи смета дека е инцидентно и оти е резултат на повеќе фактори, меѓу кои и шпекулации кои влијаат и на домашниот пазар.

-Цените на берзите се зголемуваат на слободниот пазар, но во принцип никаде во Европа нема зголемување на трошоците на производство така што ова пред се е шпекулативно направено. Станува збор за инцидентна ситуација, вели Бислимоски.

Нагласува дека РКЕ се бори да ги задржи снабдувачите и врши притосок тие да си ги завршат обврските што ги презеле кон компаниите кои ги снабдуваат.

-Има такви кои ги гарантираат цените, но започнавме постапка за некои од нив кои се покажаа несериозни и незаконски ги откажаа договорите. Дел од компаниите имаат проблеми во снабдувањето со електрична енегија, но за тоа ние како регулатори не можеме повеќе да сториме. За тој дел на потег е државата, односно Владата, порача Бислимоски.

Извор – ТВ 24

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бислимовскиркеструјацена
Претходен напис „ХЕМОМЕТАЛ“ денеска на Добиточен пазар – Скопје го презентира моќниот Zetor Global!
Следен напис Денешни цени на Кванташки пазар Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?