Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бислимоски: И зимава евтината дневна тарифа само од 13 до 15 часот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бислимоски: И зимава евтината дневна тарифа само од 13 до 15 часот
Агровести

Бислимоски: И зимава евтината дневна тарифа само од 13 до 15 часот

Последна измена: 02/12/2024 14:59
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

До идната пролет нема да има промена на временскиот период во кој домаќинствата може да користат евтина дневна тарифа за електрична енергија, најави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

– Имавме состанок со ЕСМ и со ЕВН Хоум на почетокот на октомври за воведување дополнителен час евтина дневна тарифа на електричната енергија за домаќинствата. Нашите анализи покажуваат дека цената на електричната енергија на најголемата берза во регионот, како и на нашата берза се најниски во периодот  од 12 до 16 часот, а се највисоки од 20 до 24 часот. Имајќи во предвид дека нашите домаќинства веќе имаат стекнати навики во однос на евтината тарифа се одлучивме до пролетта  да остане ситуацијата таква каква што е, а потоа врз основа на состојбата во АД ЕСМ ќе носиме понатамошни одлуки, рече Бислимоски во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

Нагласи дека дневна евтина тарифа на електричната енергија има само кај нас.

-Македонија е единствена држава во регионот каде што има евтина тарифа во текот на денот. Електродистрибуција како компанија која управува со дистрибутивниот систем во наредниот период ќе започне  да набавува паметни броила кои ќе им овозможат на снабдувачите да дадат поинтересни понуди кај домаќинствата и на дневно ниво да ги известуваат каква би била цената следниот ден, посочи Бислимоски.

Домаќинствата евтина тарифа на електричната енергија може да користат секој ден во периодот од 13 до 15 часот и од 22 до 7 часот, како и цел ден во недела.

МИА

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:броилаевтинаенергијанеделаструјачас
Претходен напис Мрежарината од јануари поевтинува за седум проценти, Бислимоски очекува крајната цена на струјата за домаќинствата да не биде поскапа за повеќе од еден процент
Следен напис Фискалниот совет предлага зголемување на старосната граница за пензија на 67 години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?