Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Билјана Талеска: Здружението на земјоделски инжинери „АГРОНОМ 1947“- водечки центар на професионалци во земјава за развој на агросекторот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Билјана Талеска: Здружението на земјоделски инжинери „АГРОНОМ 1947“- водечки центар на професионалци во земјава за развој на агросекторот
Агровести

Билјана Талеска: Здружението на земјоделски инжинери „АГРОНОМ 1947“- водечки центар на професионалци во земјава за развој на агросекторот

Објавено 18/03/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението на земјоделски инженери „АГРОНОМ 1947“ е новоформирано здружение основано со цел зајакнување на соработката и координацијата меѓу земјоделските инженери во земјата.

За идеите, моменталните активности и плановите за делување на Здружението, разговараме со претседателот Билјана Талеска.

Агротим: Која беше идејата што ве мотивираше да го формирате ова Здружение?

Билјана Талеска: Идејата за основање на Здружението произлезе од група земјоделски инженери кои ја ценат и почитуваат својата професија и сакаат својот ентузијазам и љубовта кон унапредување на професијата  да ги пренесат кон своите колеги, помладите генерации и пошироката јавност. Со покоординиран, заеднички и професионален пристап сакаме да покажеме дека професијата земјоделски инженер е атрактивна и особено значајна во развојот и модернизација на земјоделското производство во нашата држава.

Агротим: Која е визијата на Здружение на земјоделски инженери АГРОНОМ 1947 ?

Билјана Талеска: Нашата визија е Здружение да стане водечки центар на професионалци во земјата, кои работат заедно за да создадат конкурентен земјоделско-прехранбен сектор преку пренос на знаење, технологија, информации и иновации во секторот.

Поради тоа Здружението е посветено на зајакнување на соработката и координацијата меѓу земјоделските инженери, на препознавање и промоција на професијата, значајните достигнувања во секторот и влијание во процесот на креирање, следење и имплементирање на иновативни политики во земјоделството и руралниот развој.

Агротим: Кој може да членува во Здружението?

Билјана Талеска:  Член на Здружението може да биде секој земјоделски инженер, дипломиран на еден од факултетите во државата. Отворени сме за соработка и заинтересирани за вклучување на сите ентузијасти кои си ја сакаат својата професија и имаат желба да допринесат во уште поголема професионализација и зголемување на атрактивноста на истата. Секако постои можност и за членување и на сите други заинтересирани лица кои ги споделуваат нашите вредности и имаат желба да се вклучат во реализирањето на активностите и постигнувањето на целите на Здружението, како почесни членови.

 Агротим: Кои се планираните активности на Здружението?  

Билјана Талеска: Уште првата година планираме  спроведување на голем број на активности со особен осврт на зголемување на професионализација преку неформалната едукација и советување на членовите на здружението, медиумски настапи за зголемување на видливоста на здружението и професијата и организирање на конференции, семинари, обуки и сличен вид на активности.

Во текот на април 2023 година планираме да организираме промотивен настан за презентација на планираните активности на здружението и да ја најавиме Годишната конференција на земјоделските инженери во државата на која ќе земат учество и претставници на меѓународни организации. На овој настан меѓу другото ќе бидат презентирани новитетите на Заедничката земјоделска политика на Европската Унија и искуствата во нејзина имплементација,  размена на информации и соработка со соодветни национални и меѓународни организации.

Во соработка со факултетите од областа на земјоделството планирани се низа активности за промоција на професијата и презентирање на успешни приказни на земјоделсики инженери во државата, со цел  мотивација и мобилизирање на младите во актуелните услови на недостиг на земјоделски инженери во државата и зголемен интерес на бизнис секторот за вработување на ваков кадар.

Ќе работиме и на лобирање и зајкнување на соработката со надлежните институции за препознавање на професијата и креирање на политики за унапредување и модернизација на земјоделското производство и развојот на руралните средини. Веќе воспоставивме соработка со здруженија на земјоделски инженери од регионот и ЕУ, со цел пренесување на нивните искуства и поставување на систем за едукација и пристап до најнови информации и иновации во земјоделството.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агроном 1947агрономибилјана талесказдружениеформирано
Претходен напис Свежо утро, а денот сончев со мала облачност
Следен напис Времето денеска сончево, од утре пораст на температурите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?