Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: БиХ: Татко и син, први почнале да произведуваат брашно од тиква!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > БиХ: Татко и син, први почнале да произведуваат брашно од тиква!
АгровестиДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО

БиХ: Татко и син, први почнале да произведуваат брашно од тиква!

Објавено 06/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Карло Видовиќ и неговиот татко Вјекослав од Витез (БиХ), велат дека се првите производителите на брашно од тиква во Босна и Херцеговина, а за нивните производи покрај домашните купувачи покажувата интерес и оние од другите земји, посебно од Австрија.

Дваесетгодишниот Карло Видовиќ вели дека брашното од тиква се користи во секојдневната исхрана како додаток, и дека има извонредно значење за здравјето на луѓето. „Особено е корисно за здравјето на дијабетичарите и воопшто за лицата чувствителни на глутен, бидејќи брашното од тиква не содржи глутен“, вели Карло.

Идејата за да произведуваат брашно од тиква, Карло ја добил од еден пријател од Виена, со оглед на тоа дека Видовиќ секогаш имале многу тикви.

„Од секогаш имавме мнгоу тикви, а ги користевме само за семките. Мојот пријател ми предложи да почнам да правам брашно од нив и тогаш прв пат слушнав дека постои такво нешто. Во БиХ никој друг не го произведува ова брашно, освен еден или двајца луѓе во Хрватска, а во светот ова производство е доста признато“, раскажува Карло.

Со оглед на таквата ситуација, Карло и неговиот татко, пред една година почнале да истражуваат, а брашното од тиква почнале да го произведуваат пред два месеци. Отворил и сопствена фирма и ја нарекол „Кавидо“.

Како што појаснува Карло, брашното го произведуваат така што прво од тиквата ја отстрануваат кората и потоа продолжуваат со остатокот од процедура.

„ Конструиравме струг кој на почетокот служеше за обработка на дрвото, го зголемивме за да може да ја опфати тиквата и така ја отстрануваме кората, потоа се вадат семките и на крајот тиквата се сечи на тенки листови за да се исуши. Откако ќе се исуши, оди на мелење и така се добива брашно“, појаснува Карло Видовиќ.

Карло моментално оваа работа ја извршува заедно со неговиот татко Вјекослав (50), и моментално немаат други вработени но, тоа не значи дека во иднина нема да ги имаат, бидејќи планираат да го прошират производството.

– „Моментално големата сушара ни е во дефект, така да не можеме да ги задоволиме потребите на пазарот, па произведуваме брашно само за наши потреби и за пријателите. Планирам идната година да го прошириме производството и да почнеме да правиме и други производи како на пример: масло од тиква, масло од орев и брашно од орев“, вели Карло.

Истакнува дека имаат доста заинтересирани за купување на брашно до тиква, како од БиХ, така и од странство.

-„Имаме доста заинтересирани и од Австрија, но за жал оваа година не можеме да ја задоволиме големата побарувачка“, појаснува Карло.

Тој додава дека пазарната цена на ова брашно е околу 12 евра за килограм и дека има во план брашното да го пакува во кеси од 250 и 500 грама.

Вјекослав Видовиќ истакнува дека ваквото производство има голема перспектива но потребни се големи количини на тикви, бидејќи од 10 килограми тикви се добива еден килограм брашно.

-„Имаме доволно количини на тикви за моментално производство на брашно, а ако ни треба повеќе, секогаш можеме да купиме од мештаните. Во случај да ни работи големата сушара, би можеле да произведуваме повеќе брашно. Во една сеозната правиме до 20 килограми брашно со ова мало домашно производство“; изјави Вјекослав Видовиќ.

Извор : Nezavisne

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:БиХбрашно од ТиквиКарло Видовиќтикви
Претходен напис (ВИДЕО) Хидропоника: Одгледување на јагоди во стакленици
Следен напис Експеримент направен во природа кој целосно ја потврдува штетноста на ГМО храната!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?