Без струја од 8 до 12 часот ќе останат корисниците од улицата „Георги Димитров“ бр. 10 во општина Кисела Вода.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот на електрична енергија е поради зафати во електродистрибутивната мрежа.
Без вода од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците Истарска и Маџирмаало во Општина Центар.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради изведувањето на водоводен приклучок на ул. Кеј 13-ти Ноември бб и ќе трае до завршувањето на интервенцијата.
