Без струја денеска од 9 до 13 часот ќе останат дел од корисниците од селото Ракотинци, во месноста Црвена Прс, во Општина Сопиште.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи, поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија денеска од 9 до 14 часот ќе останат и корисниците лоцирани во близина на базата на „Еуробетон“ и во реонот на компанијата ББФ кај Стенковец, во Општина Ѓорче Петров.
Прекините во снабдувањето со електрична енергија се поради планирани активности за одржување на електродистрибутивната мрeжа.
МИА
