Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Без соодветна обука, сертифицирана опрема и лиценца нема користење пестициди
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Без соодветна обука, сертифицирана опрема и лиценца нема користење пестициди
Агровести

Без соодветна обука, сертифицирана опрема и лиценца нема користење пестициди

Објавено 05/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-Секој што ќе користи производ за заштита на растенијата, ќе мора да помине соодветна обука и да добие лиценца за употреба на пестициди. Опремата, пак, за апликација на производите за заштита мора да се контролира и да има сертификат од овластено сертификациско тело – порача денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Во моментов, рече Хоџа, земјава се соочува со предизвици во однос на исполнувањето на фитосанитарните барања за земјоделските производи, особено ако се земе предвид дека ова е период на значајни промени на пакетот на европското законодавство за здравјето на растенијата и официјалните контроли.

-Станува збор за комплексно законодавство, при што се воведуваат многу рестриктивни и строги услови за влез на земјоделските производи на пазарите на ЕУ. За таа цел, Министерството за земјоделство донесе Правилник базиран на анализа на ризик, со нови барања за увоз на растенија и растителни производи во Република Северна Македонија, кој ќе стапи во сила на 1 септември 2021 година. Во овој период, интензивно работиме со сите засегнати страни, за нивно запознавање и исполнување на новите фитосанитарни барања кои мора да се исполнуваат. Само така, за нас ќе биде достапен европскиот пазар – потенцира министерот на настанот на кој беа презентирани измените на Законот за фитофармација.

Според него, досега постигнатите резултати се поддржани од тековниот проект „Пoдобрување на спроведувањето на законодавството за здравствена заштита на животните, безбедноста на храна и фитосанитарнотo законодавство и соодветните информативни системи”, во рамки на Инструментот за претпристапна помош 2015.

-Во чекор со актуелните политики и регулативи на ЕУ, последнава година направивме иклучително позитивни придвижувања во насока на модернизација и современо управување во фитосанитараната политика. Лани го донесовме Законот за фитофармација, кој се базира на европското законодавство. Но, со Законот се наметнуваат предизвици и реформски зафати. Произлегуваат и обврски за организирање и спроведување обуки и испити за земјоделците, советниците и дистрибутерите, како и контрола и сертификација на опремата за апликација на производите за заштита на растенијата – подвлече министерот.

За спроведување на Законот за фитофармација, додаде, потребна е стручна служба за интегрална заштита на растенијата од економски штетни организми, со кои би се опфатила целата територија на земјата и сите економски земјоделски култури.

-Како една од развојните компоненти, во последните две години го дизајниравме и развиваме Фитосанитарниот информативен систем, како и веб-страницата на Фитосанитарната управа, со што се овозможи побрза размена на податоци, комуникација и координација на сите страни вклучени во фитосанитарниот сектор – рече Хоџа.

Тој потсети и дека 2020-та беше прогласена за Меѓународна година на здравјето на растенијата, под мотото „Здрави растенија, здрав живот”. Заради пандемијата, одбележувањето беше продолжено до средината на 2021 година, а МЗШВ како инстиуција беше активно вклучено преку информативни кампањи, панели, трибини и промоции.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пестицидихербициди
Претходен напис (Фото) Се чисти струшкото крајбрежје во пресрет на туристичката сезона
Следен напис Бензините поскапи за половина денар, цената на дизелот останува иста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?