Договорот за жито, кој беше суспендиран на 17 јули, не може да се обнови без учество на Русија, изјави денеска рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Вершињин.
„Мое мислење е дека тоа е невозможно да се направи без Русија“, изјави Вершињин за новинарите на самитот на ОН за прехранбени системи, пренесува ТАСС.
Напомена и дека во моментов не се водат преговори за обновување на Црноморската иницијатива за жито.
