Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бесими: Членството во ЕУ ќе донесе над 20 пати повеќе фондови по глава на жител
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бесими: Членството во ЕУ ќе донесе над 20 пати повеќе фондови по глава на жител
Агровести

Бесими: Членството во ЕУ ќе донесе над 20 пати повеќе фондови по глава на жител

Објавено 03/09/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Разликата од чекалната на ЕУ – до внатре во Унијата е 21,8 пати повеќе фондови кои ќе и станат достапни на земјава по влезот во ЕУ. Според грубите пресметки, членството во Унијата ќе донесе дополнителни 2.868 евра по глава на секој жител во земјава, односно дополнителни 5,2 милијарди евра за пет години, што е на исто ниво со буџетот на нашата земја за 2023 година. Ова се средства со кои ќе можеме да имаме подобра инфраструктура, подобри услови за живот, повеќе средства за работа на нашите претпријатија и подобар животен стандард за нашите граѓани“, пишува министерот за финансии Фатмир Бесими во неговата најнова колумна.

Министерот за финансии посочува дека како што земјата се приближува до Унијата, така се отклучуваат повеќе фондови, развојни и структурни. Тој прави споредба со Кохезиониот фонд, наменет за членките на ЕУ и претпристапните фондови на ЕУ-ИПА. Кохезиониот фонд е наменет за поддршка на земјите-членки на ЕУ, кои имаат бруто национален доход (Gross National Income) понизок од 90 проценти од ЕУ-27 просекот. Со средствата од Кохезиониот фонд се поддржуваат проекти во областа на животната средина, како и трансевропските мрежи во областа на транспортната инфраструктура.

– За периодот од 2021-2027 година, земји кои се кориснички на Кохезиониот фонд се Бугарија, Чешка, Естонија, Грција, Хрватска, Кипар, Латвија, Литванија, Унгарија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Словенија или околу 128 милиони жители на Унијата. За периодот од 2021-2027 година, преку овој фонд, на овие земји им се достапни 392 милијарди евра, или според груби пресметки околу 3.000 евра по глава на жител кај овие земји (со вкупно население од 128 милиони жители). За истиот период на земјите кои се кандидати или потенцијални кандидати за членство во Унијата им е достапен претпристапниот фонд – ИПА III (2021-2027), во вкупен износ од 14,2 милијарди евра. Според груби пресметки, со ИПА III се обезбедуваат по околу 140 евра по глава на жител за граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Турција (со вкупно население од 103 милиони жители). Сумарно, разликата од чекалната на ЕУ – до внатре во Унијата е 2.868 евра по глава на жител, односно 21,8 пати повеќе (3.006/138=21,8)., пишува Бесими.

Истакнува дека ЕУ предвидува и многу други дополнителни фондови за своите земји-членки. Буџетот на ЕУ, за периодот 2021-2027 година е проценет на околу 2.000 милијарди евра, а средствата се насочени кон поддршка на климатската и дигиталната интеграција, заедничкиот пазар и иновациите, кохезијата, отпорноста и заедничките вредности, природните ресурси и околина, миграцијата и управувањето со граничниот простор, европската јавна администрација….

Во својата најнова колумна, министерот за финансии ја најавува и третата годишна Конференција на Скопскиот економски и финансиски форум (СЕФФ), која годинава е посветена на дискусијата за ефектите и моментумот за приклучување на ЕУ. На неа се очекува присуство на високи претставници на Европската комисија, европските развојни банки, меѓународни финансиски институции како Светската банка и ММФ, УСАИД, претставници од владите во регионот, дипломати, бизнис сектор, академска јавност итн.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бесимибуџетеужителфондови
Претходен напис Спасена свињарската фарма од пожарот кај штипското село Пиперово
Следен напис Променливо облачно со повремен дожд, пад на температурата до 10 степени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?