Млекара „Здравје“ во својата широка понуда на млечни производи, исклучиво произведени од високо квалитетно домашно млеко е позната на домашните и европските потрошувачи.
Покрај тоа што се лидери на пазарот со тврдата програма, имаат екслузивен производ и од течната програма, а тоа е јогуртот „БЕНЕФИТ“ создаден со врвна експертиза и најмоќните пробиотски култури.

Бенефит е нов секојдневен сојузник за подобро здравје и повеќе енергија. Создаден со врвна експертиза, од најквалитетно македонско млеко и најмоќните пробиотски култури во светот. Во секоја чаша има милијарди живи „добри“ бактерии кои природно го поддржуваат: варењето, имунолошкиот систем и рамнотежата во дигестивниот тракт.
Бенефит е првиот јогурт на македонскиот пазар со LGG® пробиотик – еден од најистражуваните и најдокажаните пробиотици во светот.

Заедно со BB-12® и LA-5®, оваа уникатна комбинација ги дава максималните здравствени бенефити, особено во периоди на стрес, после антибиотска терапија, или кога едноставно грижа за себе на природен начин.
Пакуван во картон – за да нема интеракција со пластика. Без адитиви. Без конзерванси. 100% македонско млеко од домашни фарми .
