Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Објавени три јавни повици за субвенции за микро и мали компании, жени претприемачи и занаетчии, средствата ќе се делат според развиеност плански региони
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Објавени три јавни повици за субвенции за микро и мали компании, жени претприемачи и занаетчии, средствата ќе се делат според развиеност плански региони
Агровести

Бектеши: Објавени три јавни повици за субвенции за микро и мали компании, жени претприемачи и занаетчии, средствата ќе се делат според развиеност плански региони

Објавено 29/03/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија објави три јавни повици во рамки на Програмата за конкурентност и иновации и претприемништво (КИП) за 2021 година наменети за поддршка на домашните компании. Објавени се јавните повици за субвенционирање на микро и мали претпријатија, за финансиска поддршка на женско претприемништво и за субвенционирање на занаетчии, информираше денеска на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што кажа министерот, трите јавни повици се објавени пред десетина дена, а сите заинтересирани компании имаат рок да аплицираат до 16-ти, односно до 30-ти април и да ја искористат финансиската поддршка од Министерството за економија.

„Со јавниот повик за субвенционирање на микро и мали претпријатија е предвидена финансиска поддршка за субвенционирање на 50% од докажаните трошоци за набавка на машини и алати и за набавка и инсталација на фотоволтаични панели – затворен систем, за производство на електрична енергија за сопствени потреби на претпријатието со моќност над 5 kW. За оваа мерка се предвидени вкупно 30,7 милиони денари од буџетот на Министерството за економија, а  финансиската поддршка по еден апликант е најмногу 400.000 денари. Доколку фирмата е управувана или основана од жена, тогаш субвенцијата се зголемува за 10%. Субвенционирани ќе бидат трошоците направени во 2020 и 2021 годиина, потенцираше Бектеши.

Со јавниот повик за субвенции за поддршка на женско претприемништво како што информираше министерот  предвидена е финансиска поддршка за кофинансирање на 80% на трошоците на компании кои се 50% во сопственост или управувани од жени за набавка на опрема и алати, уредување/подобрување на деловниот простор и воведување на софтверски решенија.

„За оваа мерка во рамки на Буџетот на Министерството за економија се предвидени вкупно 4 милиони денари, а максималниот износ на поддршка по апликант е не повеќе 150.000 денари, освен кај трошоците за воведување на софтверски решенија каде што финансиската поддршка е најмногу 60.000 денари. Исто и кај оваа мерка субвенционирани ќе бидат трошоците направени во текот на 2020 и 2021 година. Крајниот рок за аплицирање е 30.04.2021 година, кажа Бектеши.

Како што информиршае министерот со јавниот повик за субвенции за занаетчии е предвидена финансиска поддршка за покривање на 60% од трошоците на занаетчиите за набавка на опрема и алати како и уредување, односно подобрување на деловниот простор. Максималниот износ на поддршка за еден апликант изнесува 120.000 денари за трошоци направени во 2020 и 2021 годиина.

Од Буџетот на Министерството за економија за субвенции за поддршка на занаетчиите се предвидени вкупно 6 милиони денари. Крајниот рок за аплицирање и за овој јавен повик е 30.04.2021 година.

“Оваа година за прв пат за распределба на средствата предвидени во јавните повици од КИП програмата ќе се применува начелото за рамномерен регионален развој. Тоа значи дека средствата ќе се распределуваат според развиеноста на планските региони во државата. Според ова правило најголем дел од средствата предвидени во секој јавен повик  ќе се поделат во најмалку развионите региони, а најмал дел од средствата ќе бидат во најмногу развиените региони, кажа Бектеши.

Според него, согласно Класификацијата на планските региони според степенот на развиеност во периодот од 2018 до 2023 за Севериосточниот регион кој е најмалку развиен ќе бидат распределени 17,3% од финансиската поддршка. За Вардарскиот регион 14,7%, за Југозападен 13,3%, за Полошки регион 13,2%, за Пелагониски регион 11,9%, за Источниот 11,3% од финансиската поддршка, додека за Југиосточниот 11,1% и за Скопскиот кој е најразвиен ќе бидат распределени 7,2% од финансиската поддршка  од вкупно предвидените средства од секој јавен повик посебно.

„Распределбата на средствата во рамки на секој плански регион  согласно принципот „прв дојден, прв услужен“  ќе се применува за апликантите од ист плански регион. Доколку вкупно распределените средства во одреден плански регион наменети за субвенционирање на претпријатија/апликанти од тој регион не се искористат, истите ќе се доискористат за субвенционирање на апликантите во плански региони каде што има апликации. Распределбата на овие средства ќе се прави исто така според разиеност на планските региони“ заклучи министерот Бектеши.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бектешијавни повицисредства
Претходен напис Од полноќ горивата поевтинуваат
Следен напис Повеќе од 130.000 грла добиток, чај, француски даб, 110 контејнери со мебел од „Икеа“… Што сè беше заглавено во Суецкиот канал?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?