Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бектеши: Нафтените деривати во државата се со добар квалитет
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бектеши: Нафтените деривати во државата се со добар квалитет
Агровести

Бектеши: Нафтените деривати во државата се со добар квалитет

Објавено 19/05/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нафтените деривари кои се користат во Северна Македонија се со добар квалитет согласно правилникот за течни горива, кој е во согласност со оној на Европската унија. Тоа го посочи денеска министерот за економија Крешник Бектеши на одбележувањето на Денот на метрологијата – 20 мај. 

Според ресорниот министер, Бирото за метрологија во чија надлежност се лабараториите за проверка на квалитетот во соработка со Државниот пазарен инспекторат проверуват дали дериватите на македонскиот пазар се во рамки на предвиденото во секој елемент од правилникот.

Директорот на Бирото за метрологија Абдил Селам Селами посочи дека располагаат со современа технологија, најавувајќи нови инвестиции во осовременување на лабараториите. Во однос на квалитетот на нафтените деривати, појасни дека имало отстапувања кај одредени бензиски пупми, но генерално квалитетот на нафтата и мазутот ги оцени како добри.

 – Ние сме во добра алка до европските земји, но треба уште да вложуваме. Годинава ќе пробаме да вложиме во нашите лабаратории, а тоа директно ќе влијае на економијата, рече Селами.

Според министерот Бектеши, внатрешниот пазар, односно производите, услугите и заштитата на потрошувачите се едно од најглавните поглавја во Европската унија, која го почна скрининг процесот на Северна Македонија. 

– Министерството за економија и Владата секогаш ќе даваат поддршка за инвестирање во Бирото за метрологија со цел подобрување на условите и подобрување на квалитетот за сите услуги на граѓаните и секој производ што го купуваат во нашата држава, рече Бектеши во обраќањето по повод однележувањето на Денот на метрологијата.

Покрај ивестиците направени за набавка на нови лабаратории за мазут, дизел, бензин и слично, најави дека годинава ќе инвестираат во инструменти во делот на гасомерите, имајќи го предвид развојот на гасоводниот систем во државата, но и преку интерконективните системи и со соседството.

– Министерството за економија и Владата секогаш ќе бидат во поддршка на менаџментот на Бирото за метрологија со цел овие услуги да се подобрат во насока на подобрување на квалитет за сите услуги и секој производ што го купуваат граѓаните во нашата држава, нагласи Бектеши. 

Изрази убедување дека преку соработка со научната фела, државата ќе има одлични преговори за поглавјето на ЕУ за внатрешен пазар, а најважно од се, како што нагласи, е дека ќе ги заштитат потрошувачите и граѓаните во делот на квалитетот.

Годинашната тема на Светскиот ден на метрологијата е „Мерења кои ги подржува глобалниот прехранбен систем“, избрана поради зголемени предизвици од климатските промени и глобалната дистрибуција на храна во светот.

Метрологијата е наука за мерењето, односно го одбележува влијанието на мерењето врз секојдневниот живот. Точните и конзистентните мерења овозможуваат фер трговија, гарантираат квалитет во производството и поддршка на иновациите. Точни мерења се во функција на безбедноста, здравјето и квалитетот на животот. 

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:БектешиНафтени деривати
Претходен напис Симпозиум на балкански вина
Следен напис Одбележување на Светскиот ден на пчелата 2023: Сите зависиме од опстанокот на пчелите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?