Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Балтичките продавници ги отстрануваат руските и белоруските стоки од полиците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Балтичките продавници ги отстрануваат руските и белоруските стоки од полиците
Агровести

Балтичките продавници ги отстрануваат руските и белоруските стоки од полиците

Објавено 25/02/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Големите балтички маркети на намирници соопштија во четвртокот дека ќе ги отстранат производите од руско и белоруско потекло од полиците на продавниците поради руската инвазија на Украина, пренесува hr.n1info.

„Оваа одлука ја донесовме откако руските трупи ја нападнаа Украина од руска и белоруска територија“, изјави Ернеста Дапкиен, портпаролка на најголемиот литвански трговски синџир „Максима“.

Стоките од Русија и Белорусија, главно алкохолни пијалаци, учествуваат со само 1,3 отсто од продажбата на „Максима“.

„Рими“, уште еден голем трговски синџир, соопшти дека ќе ги отстрани руските производи од своите продавници во Литванија, Латвија и Естонија, објави новинската агенција БНС.

„Ги цениме и почитуваме различните мислења и целосно го поддржуваме изнаоѓањето мирни решенија во сите конфликтни ситуации. Затоа, прекинот на соработката со руските компании ни се чини логичен и неопходен потег во сегашната ситуација“, изјави Ваидо Падумае, извршен директор на „Рими Естонија“.

ЕУ најави нови санкции против Белорусија поради нејзината улога во рускиот напад врз Украина. Украинската гранична служба соопшти дека руските трупи, со белоруска поддршка, ја користеле Белорусија како една од влезните точки.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:Украина
Претходен напис Ангеловска-Бежоска – Бесими: Денарот и финансискиот систем ќе останат стабилни
Следен напис Пендаровски: Стоковите резерви во земјава се полни, ќе имаме проблем ако кризата во Украина потрае
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?