Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бадникови поворки 2026: Светлина, радост и заедништво во Македонија и дијаспората
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бадникови поворки 2026: Светлина, радост и заедништво во Македонија и дијаспората
Агровести

Бадникови поворки 2026: Светлина, радост и заедништво во Македонија и дијаспората

Објавено 02/01/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Здружението „Бадникови поворки“  ја најавува централната Бадникова манифестација за 2026 година, која ќе се одржи на 6 јануари во повеќе од 80 градови и населени места низ Македонија, како и меѓу македонската дијаспора во Словенија, Италија, Австрија и Соединетите Американски Држави.

Централен настан на манифестацијата ќе биде големата Бадникова поворка во Скопје, која ќе започне во 12:00 часот од Музејот на Град Скопје. Поворката ќе се движи по улицата „Македонија“ и ќе заврши на плоштадот „Македонија“, пред сцената поставена кај Божикната пештера.

Во рамките на централната прослава, секое дете ќе добие Божикна ѕвезда – симбол на Витлеемската ѕвезда и радосната вест за Христовото Рождество.

Со поддршка од Министерството за култура и Град Скопје, оваа година е обезбедена нова, иновативна Божикна ѕвезда, дизајнирана од графичкиот дизајнер Ангел Мицевски. Станува збор за специјално осмислена конструкција што може да се отвора и затвора, лесно да се складира и повторно да се користи – како трајна вредност што се пренесува низ генерации.

Дополнително, сите учесници ќе добијат и уметнички магнет, изработен од уметникот Драган Китановски – Драш, како симболичен подарок што носи порака на љубов, радост и заедништво.

Божикните ѕвезди и магнетите ќе се делат на 6 јануари, од 11:30 до 12:00 часот, пред Музејот на Град Скопје.

По пристигнувањето на поворката на плоштадот „Македонија“, ќе следува „Божикната авантура“ – голема музичко-сценска изведба во живо, со повеќе од 40 музичари, пејачи, актери и учесници од „Златно славејче“. Мјузиклот е реализиран под уметничко раководство на Владо Дојчиноски, со драматургија на Билјана Крајчевска, и преку музика и сценска приказна ја пренесува пораката за Рождеството Христово.

Организаторите ги покануваат сите семејства да се приклучат на манифестацијата, без потреба од претходно пријавување. По изведбата во Скопје, „Божикната авантура“ ќе биде прикажана и во Кочани, испраќајќи порака на солидарност, поддршка и утеха.

МИА

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:Бадникови поворкидијаспоратаМакедонијарадостСветлина
Претходен напис Во 2025 година највисоката измерена температура во Грција била 45,8, а најниската минус 16,3 степени
Следен напис Следните денови променливо облачно со повремен дожд и потопло
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?