Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски за Студио на Слободен печат: Со европски пари ќе се градат педесетина ресторани и хотели во рурални средини
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски за Студио на Слободен печат: Со европски пари ќе се градат педесетина ресторани и хотели во рурални средини
Агровести

Бачовски за Студио на Слободен печат: Со европски пари ќе се градат педесетина ресторани и хотели во рурални средини

Објавено 25/01/2024
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кога се зборува за ИПАРД, не треба да се мисли само на пари за развој и модернизација на земјоделството, туку и за пари што ќе овозможат рурален развој, односно одржување на економската активност на малите места со под 30.000 жители

Апликациите од првите повици од ИПАРД 3 (Инструментот за претпристапна помош за рурален развој) се евалуираат, а интересот е изненадувачки голем, пристигнале 1.160 апликации и тоа за трипати повеќе пари отколку што имало на располагање, вели Никица Бачовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој кој гостуваше во „Утрински печат“. Тој објасни дека кога се зборува за ИПАРД, не треба да се мисли само на пари за развој и модернизација на земјоделството, туку и за пари што ќе овозможат рурален развој, односно одржување на економската активност на малите места со под 30.000 жители. Според Бачовски, благодарение на транспарентноста, до населението веќе стигнала ваквата информација, па како интересен факт го издвои тоа што има 55 апликации за рурален туризам, што подразбира изградба на угостителски објект, на сместувачки објект, или комбинација од двете, често проследена и со придружи содржини како на пример спа-центар.

– Повикот заврши на 30 октомври, а стигнати се 1.160 апликации за кои сме позитивно изненадени. Буџетот што беше објавен за овие две мерки беше 30 милиони евра, а овие апликации побаруваат 96 милиони евра, што значи трипати повеќе од објавениот буџет. Во моментов се работи на евалуација на апликациите – вели Бачовски.

Бачовски гордо кажува дека Македонија е прва земја што почна со реализација на ИПАРД 3 програмата и укажа на тоа дека до крајот на годината ќе заврши имплементацијата на проектите од ИПАРД 2.

– Заврши последниот јавен повик од ИПАРД 2 програмата и до крајот на 2024 година треба сите оние што имаат договори, да ги реализираат своите инвестиции и Агенцијата да им ги исплати парите од кофинансирањето. Среќни сме што во меѓувреме почнавме со имплементација на ИПАРД 3 и ние сме прва земја што го почна тоа во однос на останатите кориснички на програмата, а тоа се Србија, Турција, Црна Гора и Албанија. На 1 септември објавивме две мерки, а повикот заврши на 30 октомври. Едната е Мерка за модернизација на земјоделски стопанства, каде што земјоделците главно се јавуваат со инвестиции во трактори, земјоделска механизација, нови системи за наводнување, опрема за фарми и друго. Другиот повик е за Мерката 7 – диверзификација на фарми и мали бизниси, каде што се јавуваат физички лица и микро и мали бизниси кои оперираат во рурални средини. Овде станува збор за инвестиции во опрема за пчеларство, опрема во непрехранбено производство, рурален туризам, изградба на старечки домови, изградба на приватни градинки, сите занаетчиски дејности во рурални средини. Еве, на пример, ако сакате да отворите автомеханичарска работилница во Долнени, или фабрика за пелети во Пехчево, ова е вистинската мерка – објасни Бачовски.

Буџетот што го имаме за ИПАРД 3 е 120 милиони евра, од кои 96 милиони евра се грант од Европската Унија.

– За среќа, во изминатите 5-6 години државата нема вратено ни евро назад кон Европската Унија, што значи дека сето она што е дадено за користење е искористено докрај и затоа буџетот за ИПАРД 2 беше 60 милиони евра, а сега имаме Буџетот од страна на Европската Унија од 96 милиони евра. Корисниците на сите мерки може да се стекнат со право на кофинансирање од 60 проценти, а може да се добијат 50 отсто од парите однапред – појасни директорот.

Каде најмногу грешат апликантите?

Тој детектира две тесни грла на кои треба да обрнат внимание апликантите, затоа што досега грешеле.

– На пример, за набавка на трактори, треба да дадете три понуди, но споредливи. Така, моќноста меѓу трите трактори може да биде плус-минус 5 коњски сили, потоа сите три трактори треба да бидат или со кабина или без кабина. Грешки има и кај земјоделци што имаат регистрирани одгледувачници за животни, потврдени од АХВ. Тие мора да имаат изготвени елаборати за заштита на животната средина, или поднесено барање за одобрување на тој елаборат, или потврда од општината дека за таков вид инвестиција нема потреба од таков елаборат, но често доаѓаат без ништо – вели Бачовски.

Тој вели дека советодавна помош за аплицирањето нуди Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството, но дека има и приватни советодавни компании.

Целото ВИДЕОИНТЕРВЈУ погледајте го во продолжение:

Извор: slobodenpecat.mk

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Бачовскиевропски париресторанирурални срединихотели
Претходен напис Следните денови променливо облачно, од недела услови за слаб снег и пониски температури
Следен напис Николовски: 2024 е година на нови мерки во сточарството, 100% за зелена нафта и уште посилна поддршка за сите земјоделци
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?