Благодарам за топлото добредојде во Канатларци, прилепско.
Пред само десетина дена ја исплативме финансиската поддршка за произведен и предаден тутун од реколта 2023 година.
Во еден ден, со еден потпис се исплатени 1.5 милијарди денари за близу 15000 тутунопроизводители.
Од оваа година воведуваме нова мерка од 6000 денари / хектар за пријавена површина тутун. Со ова, сите производители кои пријавуваат површини со тутун, покрај премијата по предаден килограм ќе се стекнат со користење на зелена нафта.
Денешниот ден ја одбележува и исплатата на дополнителните субвенции за говеда за што се исплатени 100 милиони денари за над 4000 одгледувачи на говеда.
Продолжуваме со силна поддршка за секој земјоделец – напиша на Фејсбук директорот на Платежна Агенција, Никица Бачовски.




