Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Поддршката за младите земјоделци е еден од главните столбови на владината програма за финансиска поддршка во руралниот развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Поддршката за младите земјоделци е еден од главните столбови на владината програма за финансиска поддршка во руралниот развој
Агровести

Бачовски: Поддршката за младите земјоделци е еден од главните столбови на владината програма за финансиска поддршка во руралниот развој

Последна измена: 03/03/2023 14:42
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Директорот на АФПЗРР Никица Бачовски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска беа во посета на семејна фарма во с. Виничка Кршла.
Мартин Стојменов е носител на земјоделското стопанство кое ја управува фармата и воедно е корисник на мерките од програмата за финансиска поддршка во руралниот развој.
Преку мерките за набавка на приплоден добиток и мерката за поттикнување на земјоделското производство, овој млад фармер има добиено финансиска поддршка од АФПЗРР и со истата има увезено добиток од сименталска раса и има набавено опрема за преработка на сточната храна и опрема за хигиенско чување на произведеното млеко.

,,Преку мерката за набавка на приплоден добиток, нашиот денешен домаќин набави 12 јуници од сименталска раса за што доби финансиска поддршка од АФПЗРР од 811 илјади денари со што ги кoфинансиравме вкупно направените трошоци со учество од 55%. Дополнително, преку мерката 113 набавен е миксер за преработка на слама и сено, линија за сточна храна со мешалка и лактофризер. За оваа инвестиција, АФПЗРР додели грант во висина од 100% со вкупна поддршка од 534 илјади денари” – посочи директорот Бачовски.

Преку програмата за финансиска поддршка во руралниот развој се поддржуваат инвестиции на млади земјоделци, рурални жени, инвестиции во системи за наводнување, подигнување на нови насади како и инвестиции во земјоделска механизација.

Може да ви се допадне

Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
Цените на нафтата паднаа по објавата за прекин на огнот меѓу Израел и Иран
Првите четири банки од земјава впишани во регистарот на Европскиот совет за плаќања
Царинска управа: Запленети цигари, дрон, фалсификувана стока и друго
Влада: Исплатени субвенции на над 70.000 земјоделци во вредност од над девет милијарди денари
Таг:бачовскимартин стојменов
Претходен напис Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за два денара
Следен напис Маричиќ: Процесот на преговори со ЕУ го отвора пазарот на труд и го прави македонскиот работник повеќе вреднуван
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?