Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски : Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство во вредност од 302 милиони денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Бачовски : Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство во вредност од 302 милиони денари
Субвенции

Бачовски : Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство во вредност од 302 милиони денари

Последна измена: 03/04/2024 11:02
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска ја реализраше исплатата на директните плаќања за остварено производство со градинарски култури и остварено производство со овошни култури.

Корисници на поддршката за градинарство се 6200 производители на домат, пиперка, краставица, корнишон, зелка, грав и компир на отворено и во пластеници,а истите оствареното производство го предале на регистриран откупувач или го продале на пазар. Висината на поддршката по поединечен корисник изнесува 20.000 денари / хектар, а за овие производители на градинарски култури е исплатена поддршка од 85 милиони денари.

Корисници на поддршката за оствареното производство со овошни култури се однесува на корисници кои пријавиле производство на јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев бадем и калинка. По оваа мерка исплатени се над 7240 корисници со вкупна финансиска поддршка од 217.7 милиони денари. Поддршката за пријавено производство со јаболко изнесува 30.000 денари / хектар, за слива и праска изнесува 25.000 денари / хектар, за вишна, цреша, кајсија и круша поддршката изнесува 22.000 денари / хектар додека за јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка изнесува 13.000 денари / хектар.

,, Со реализацијата на овие мерки продолжуваме со исплата на финансиската поддршка за растително производство. До крајот на неделата АФПЗРР ќе ја спроведе и исплатата за полјоделските култури, односно за користен сертифициран семенски материјал, освен за оризот каде дополнителната поддршка не е условена со користење на сертифициран семенски материјал. Паралелно, Агенцијата ги подготвува соодветните налози за исплата на субвенциите за тутун за реколта 2023 и тоа по основ на две мерки кои предвидуваат поддршка од 80 денари за прва класа, 70 за втора, 60 за трета како и дополнителна поддршка од 20 денари по килограм предаден тутун” – информира директорот Бачовски.

По реализацијата на најавените исплати, АФПЗРР ќе продолжи со реализација на дополнителните мерки од делот на сточарството за огледувачите на говеда и кози, како и мерките за органско производство, поддршката за подрачја со ограничени можности и дополнителните субвенции за регистрираните земјоделци. .

Може да ви се допадне

ЗАПОЧНУВА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ: Отворен e-барање системот за поднесување на Барање за директните плаќања за 2025 година
Климатските промени се само сегмент во намаленото земјоделско производство
Закон за земјоделство и рурален развој: ПОЛИТИКА НА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА
(ВИДЕО) Трипуновски: Наредниот период ќе имаме објава за набавка и кофинансирање анти фрост системи
МЗШВ води единствен регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) – Ова мора да го знаете доколку планирате или веќе се занимавате со земјоделско производство
Таг:302 милиони денариБачовскиГрадинарствоовоштарствопроизводствосубвенциите
Претходен напис Шумскиот пожар кај гостиварско Дебреше се уште активен
Следен напис ЦУК: Два активни пожара – по еден во општините Кичево и Гостивар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?