Заедно со министерот Љупчо Николовски и заменик министерот Трајан Димковски работната сабота ја завршуваме со конструктивна средба со оризопроизводителите од кочанскиот регион.
И покрај тоа што буџетот и административното управување беа под сериозен удар од светската и економска криза предизвикана од КОВИД пандемијата, сепак минатата година успеавме да оствариме рекордна исплата на финансиска поддршка во земјоделството.
Се исплатија субвенциите за ориз од 25.000 денари / ха со и без сертифициран семенски материјал за 2000 оризопроизводители.
Се исплати дополнителната поддршка од 3 денари / кг за предадена оризова арпа во висина од 61 милион денари за 1400 оризопроизводители.
Преку исрцпна дискусија со квалитетни предлози и посочени предизвици ќе продолжиме да креираме мерки и политики за оддржување на благосостојбата македонското бело злато.
Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој

