Денеска заедно со министерот Ljupcho Nikolovski го посетивме рибникот Дошница во Демир Капија каде се сретнавме со успешните добитници на грантови за финансиска поддршка за инвестиции во рибарство и аквакултура.
Доделени беа 16 решенија за финансиска поддршка чија вкупна вредност е 33 милиони денари.

Корисници на оваа поддршка се регистрираните репроцентри за репродуктивен и порибителен материјал, концесионерите кои вршат стопански риболов како и субјекти регистрирани со дејност аквакултура како одгледувачи или преработувачи на риби.

Изградба на мандри, поставување на фотонапонски панели, товарни возила, инфраструктурни зафати, инкубатори, цистерни и опрема за преработка се дел од инвестициите кои ќе бидат ко – финансирани во висина од 50% – 65% од страна на Агенцијата.

Поддршката за рибарството и аквакултурата е уште еден механизам преку кој АФПЗРР ги стимулира соодветните корисници да инвестираат во домашното производство на риба и рибни преработки.
Нашите домаќини – рибникот Дошница е еден од долгогодишните корисници на поддршката од програмата за рибарство и аквакултура. Со капацитет од 150 тони годишно, од овој рибник излегуваат разни производи кои може да се најдат во македонските супермаркети и ресторани.

Честитки до корисниците и им посакувам успешна реализација.
Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на АФПЗРР

