Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бачовски: Наскоро ќе бидат објавени повиците од ИПАРД програмата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бачовски: Наскоро ќе бидат објавени повиците од ИПАРД програмата
Агровести

Бачовски: Наскоро ќе бидат објавени повиците од ИПАРД програмата

Објавено 12/06/2023
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, на гостувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма, меѓу другото, зборуваше за ИПАРД 3 програмата. Потсети какви мерки се предвидени, кој се може да аплицира и кога се очекува да бидат објавени јавните повици.

„ИПАРД 3 програмата официјално беше донесена од страна на Европската комисија лани во март месец, по што следеше потпишување на секторската спогодба, финаниската спогодба и праќање на акредитацискиот пакет од страна на целата ИПАРД структура за којашто се чека одобрување за да може да ги стартуваме јавните повици. Ние веќе објавивме преднајава со којашто најавуваме дека со сигурност во следниот период ќе има повици од ИПАРД 3 програмата главно по основ на три мерки, Мерката за модернизација на земјоделски стопанства, Мерката за инвестиции во преработка и Мерката диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, рече Бачовски.

Бачовски објасни кој се може да аплицира за финансиска поддршка од ИПАРД 3 програмата.

„По искуството што го имам од претходната ИПАРД 2 програма, главно во Мерката 1 за модернизација на земјоделски стопанства се јавуваат физичките лица, односно индивидуалните земјоделци преку проекти за инвестиции во обнова на својата земјоделска механизација, подигање на нови насади, поставување на системи за наводнување и опрема за фарми. Значи главно најголем дел од инвестициите во таа мерка се од физички лица, иако и правните лица, како и за другите мерки не се исклучени. Таму може да се инвестира во нови фарми, реконструкција на веќе постоечки фарми, задругарство и тн.
Во делот на Мерка 3, модернизација на преработувачки капацитети, многу важна мерка, која можеби и најмногу го амортизира оној јаз помеѓу вишокот на произведени основни производи и нивната преработка, овде ги имаме сите млекарници, винарии, преработувачки капацитети, откупни центри, ладилници, коишто се важни за нашата економија.

Со Мерката Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси можат да се поддржат инвестиции за изградба на сместувачки капацитети, угостителски капацитети, инвестиции во домови за стари лица, приватни градинки, домови за нега, за рехабилитација. Тука се опфатени сите индустрии кои оперираат во руралните средини и коишто вработуваат повеќе од 50 луѓе или условно кажано, компанија што се занимава со дрвна индустрија во Пехчево, може да користи средства од ИПАРД со цел да се модернизира во делот на машините, да изгради нов капацитет со цел да се развива руралното опкружување, да се вработува руралното население и да немаме концентрација на бизнисите во руралните средини.“, објасни Бачовски.

Во однос на прашањето кога се очекува да бидат објавени јавните повици, Бачовски објасни дека точен датум не се знае, но се очекува тоа да биде за неколку недели.

„Во моментов се чека одобрување на акредитацискиот пакет кој ИПАРД структурата го испрати. Имавме разговори околу тоа кога може да го очекуваме нивното одобрување, се работи за време или неколку недели, тоа е одговорот што го добивме, но она што е битно за нас е да го завршиме она што го почнавме, односно да посетиме повеќе од 45 населени места пред објавување на јавните повици.“, рече Бачовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ИПАРДИПАРД3Никица Бачовски
Претходен напис Колку чини млекото на фармите во ЕУ?
Следен напис Приведен дрвокрадец во Скопско при сеча на огревно дрво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?