Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште десет дена за поднесување на барања за субвенции за премии во осигурување на посевите и добитокот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Уште десет дена за поднесување на барања за субвенции за премии во осигурување на посевите и добитокот
Агровести

Уште десет дена за поднесување на барања за субвенции за премии во осигурување на посевите и добитокот

Објавено 21/08/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,  ги потсетува сите земјоделци дека остануваат уште десет дена за поднесување на барања за помош за премии во осигурување. Ова значи дека, сите земјоделци кои веќе ги осигурале  посевите или добитокот, ќе можат до 31 – ви август 2020 година да достават барање за добивање на финансиска поддршка за полисите за осигурување. Барањата се доставуваат секој работен ден во Подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, појаснува дека :

„Преку оваа мерка, државата субвенционира 60 отсто од средствата што земјоделците ги дале за полисата за  осигурување на родот и добитокот. На овој начин директно им се помага на земјоделците во намалување на трошоците за заштита на родот од временски непогоди  а истовремено се штитат и од можни загуби доколку дојде до нив. “ – појаснува Бабовски.

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, апелира до сите земјоделци да не чекаат последниот рок за поднесување на барањата, туку навреме и со користење на заштитни маски за заштита од корона вирус да ги достават барањата до Подрачните едници на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

МИА

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:АФПЗРРбабовскибарања за субвенцииосигурувањеосигурување на посеви добитоксубвенции
Претходен напис Акции за уништување на комарците во пелагониските општини
Следен напис Берово победник на конкурсот за најеко општина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?