Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: Со ИПАРД средствата се развива домашната економија и се отвораат нови работни места
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски: Со ИПАРД средствата се развива домашната економија и се отвораат нови работни места
Агровести

Бабовски: Со ИПАРД средствата се развива домашната економија и се отвораат нови работни места

Објавено 24/06/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Компанијата „Којаконеја“ е пример дека со користење на мерките и средствата од ИПАРД програмата сериозно се влијае на развојот не само на домашната економија и на модернизација на претпријатието, туку и на развојот на руралните средини и на отворање нови работни места.

Ова го истакна директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделство и руралниот развој, Николче Бабовски, кој денеска ја посети оваа компанија што е корисник на средства од ИПАРД Програмата.

Агенцијата, како што истакна Бабовски, води сметка корисниците на мерките и програмите кои се реализираат да добијат целосна поддршка, со цел реализација на квалитетни проекти кои ќе произведат производи со додадена вредност, а со тоа според него, директно ќе влијаат и на домашниот бруто производ, во моментов кога светот ги трпи последиците од корона кризата и кога ни е најмногу добредојден.

Тој ги информира сите корисници од програмите и мерките од ИПАРД програмата дека со престанокот на вонредната состојба, односно веќе од вчера продолжиле да течат сите рокови на преходните отворени повици по ИПАРД 2 програмата, а за кои Владата во април преку уредба ги ставила во мирување заради пандемијата со окронавирусот.

– Ова значи дека од овој момент продолжува да тече и процесот за поднесување на апликации за мерка 1, инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства од ИПАРД 2 програмата, и новиот продолжен краен рок за доставување на апликациите за мерка 1 е до 3 август 2020. Апликантите кои претходно имаат склучен договор и чиј договор за реализација на инвестиција истекува во време додека траеше вонредната состојба спгласно уредбата со законска сила за примена на законот за основање на Агенцијата имаат рок од дополнителни 60 дена по завршувањето на вонредната состојба да ги реализираат инвестициите, рече Бабовски.

Тој додаде дека сите оние на кои роковите за реализација уште им течат, рокот им се продолжува за онолку дена колку што рокот за реализација бил стопиран за времетраење на вонредната состојба, и тоа почнувајќи од денот на престанокот на вонредната состојба.

Бабовски испрати апел апликантите да ги запазат роковите до кога треба да ги завршат своите инвестиции, бидејќи како што рече, создадени се сите возможни услови и предуслови за да може успешно и целосно да се финализираат отпочнатите проекти.

Министер за шумарство, земјоделство и водостопанство, Трајан Димковски, кој исто присуствуваше на посетата ба компанијата „Којаконеја“, истакна дека самата инвестиција на оваа компанија е уште еден показател за широкиот спектар на финансиска поддршка што го нуди ИПАРД 2 програмата. Во овој случај како што рече, користена е мерката 7 за диверзификација на фарми и развој на бизниси.

– Оваа компанија е успешен пример за искористеноста на можностите што ги мерката 7 за инвестиции во неземјоделски производи. Од тоа што го видовме и не запознаа сопствениците на компанијата финансиската поддршка ја користеле за изградба на производствен погон, поставуавње соларни фотонапонски панели и набавка на опрема за производство на производи од дрво, рече Димковски.

Тој додаде дека вкупна вредност на инвестицијата е 54,3 милиони денари, од кои 33,7 милиони денари е финансиска поддршка од ИПАРД 2 програмата. За сега, појасни Димковски, суровината ја користат за производство на конструкција за гарнитури. Мерката диверзификација на фарми и развој на бизниси, според Димковски, има навистина широка примена и нуди поддршка на најразлични инвестиции во земјоделството.

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска при денешната посета на компанијата рече дека ИПАРД програмата е навистина корисна програма која директно вложува во развој на земјоделието но и на компаниите кои имаат домашно производство. Со тоа, додаде таа, тие стануваат конкурентни на европскиот пазар, но и во регионот заради тоа што имплементираат европски стандарди во своето производство.

– Искуството што оваа компанија го има и она кое што ние денеска можеме да го видиме во пракса покажува што значи Европската Унија и европските програми за нашата држава, нашето земјоделство и за нашите компании. Тие во пракса искажуваат едно искуство кое значи инвестиција но и искористување на зелена енергија за производство кое што тие го прават во оваа компанија. Тоа директно влијае и на животната средина во нашата држава но и за развој на економијата, рече Царовска.

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовскса,министерот за земјоделство, Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски во посета на компанијата ,,Којаконеја”

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ипадКојаконејаМила царовскаНикола Бабовски
Претходен напис Првото самоодржливо село ќе се гради во Шведска
Следен напис Важна информација: Продолжува да тече поднесувањето на барањата за МЕРКА 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства“ од ИПАРД 2
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?