Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: Со депопулацијата досега опфатени 3.348 свињи од кои 3.215 се еутаназирани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски: Со депопулацијата досега опфатени 3.348 свињи од кои 3.215 се еутаназирани
Агровести

Бабовски: Со депопулацијата досега опфатени 3.348 свињи од кои 3.215 се еутаназирани

Објавено 05/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со депопулацијата за спречување на африканската чума, досега се опфатени вкупно 3 348 свињи од кои 3 215 се еутаназирани, вели за МИА директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски.

Според Бабовски, за економско искористување со колење во кланици со кои АХВ има склучено договори, опфатени се 133 свињи, а за лабораториско испитување се земени 218 мостри. По последната појава на нови случаи на африканска чума во одгледувалишта во уште три кумановски села, директорот уште еднаш апелира да се почитуваат донесените решенија од АХВ зашто во спротивно, животните кои ќе бидат одземени од фармерите согласно мерките за депопулација нема да бидат платени, а дополнително фармерите ќе треба да го платат и износот за убивање на животните и за нивно закопување.

-По појавата на првиот случај на болеста африканска чума кај свињите во село Драмче во општина Делчево, болеста лабораториски е потврдена во одгледувалишта и во општините Македонска Каменица, Штип, Кочани, Виница, Чешиново – Облешево, Карбинци, Штип, а од неодамна и во општина Куманово. Прв пат болеста се појави во јануари во источниот регион во село Драмче, истакнува Бабовски во разговор за МИА. Во јуни, јули и септември болеста беше потврдена во општина Македонска Каменица, а во август африканската чума кај свињите се прошири и во општините Кочани, општина Виница и во Чешиново – Облешево.

-Во септември болеста беше констатирана во општина Карбинци и во Штип, а на крајот од месецот болеста беше потврдена и кај домашни угинати свињи кои беа пронајдени на депонија во близина на село Липково. Овој месец, болеста лабораториски е потврдена и во едно одгледувалиште во село Долно Коњари во општина Куманово, дополнува директорот. За одземените и убиените животни со мерките на депопулацијата АХВ на одгледувачите им исплаќа паричен надомест за различните категории животни согласно Упатството за определување на пазарната вредност на животните кои се одземаат заради искоренување на заразни болести на територијата на Република Северна Македонија.

-Во Агенцијата за храна и ветеринарство досега се евидентирани 23 угинати животни на свињарските фарми (комерцијални фарми и индивидуални одгледувалишта) пред спроведување на мерката депопулација. Со оваа мерка досега се опфатени вкупно 3 348 свињи, од кои 3 215 се еутаназирани (убиени и нештетно отстранети). Со цел ставање под контрола и спречување на ширење на болеста апелираме да се почитуваат донесените решенија од Агенцијата за храна и ветеринарство, во спротивно, животните кои ќе бидат одземени од фармерите согласно мерките за депопулација нема да им бидат платени, а дополнително фармерите ќе треба да го платат и износот за убивање на животните и за нивно закопување, наведува Бабовски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:африканска свинска чумаколењениколче бабовски
Претходен напис Времето денеска сончево со студено утро и дневни температури до 23 степени
Следен напис Утрово најстудено во Берово и Лазарополе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?