Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAX за Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAX за Европа
Агровест

Бабовски реизбран за генерален секретар на WOAX за Европа

Објавено 29/05/2024
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Николче Бабовски, денес, во Париз, Франција реизбран е за Генерален секретар на регионалното претставништво на Светската организација за здравствена заштита на животните – WOAH за Европа, со мандат од 3 години. Реизборот на Бабовски на позицијата генерален секретар на WOAH за Европа се изврши во рамки на 91 Генерално Собрание на Делегати на оваа светски реномирана организација посветена на заштитата на здравјето, благосостојбата на животните и ветеринарните услуги, која годинава одбележува 100 години од основањето и која повторно ја препозна и награди посветеноста на државава, на Агенцијата за храна и ветеринарство и лично на директорот на АХВ Бабовски во креирањето и имплементирањето на високи стандарди во ветеринарната политика.

Со реизборот на Бабовски на оваа позиција во WOAH, државава, преку Агенцијата добива нова можност за директно учество во креирањето на глобалните светски полити во областа на здравствената заштита на животните и јакнење на регионалната позицијата на координатор и иницијатор на соработката на ова поле во регионот.

-WOAH ги потврди исправните политики во областа на ветеринарството кои досега ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство со досегашното учество во Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекуграничните болести кај животните, во Европската комисија за лигавка и шап, учеството во Советодавниот форум на Eвропската агенција за безбедност на храна (EFSA) и мојата лична и институционалната вклученост на Агенцијата во активностите на WOAH, но, пред се во унапредувањето на нашите национални стандарди во областа на ветеринарството – вели Бабовски.

Формирана во далечната 1924 година како Меѓународната канцеларија за епизоотии (ОИЕ), на почетокот на 21 век, соочувајќи се со нов сет на предизвици, од новите болести како птичјиот грип, болеста шап и лигавка, влијанијата на климатските промени врз здравјето на животните, соочувањето со пандемијата од COVID-19 и слични, во рамки на посветеноста на оваа организација кон науката, транспарентноста и светски прифатениот концепт „Едно здравје“, од 2022 година Светската организација за здравје на животните, од поранешно OIE, се ребрендира и ја продолжи работата во унапредување на ветеринарната политика со употреба на неговото целосно име со акроним WOAH.

Агенција за храна и ветеринарство

Може да ви се допадне

АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АХВ: Нови случаи на болеста сипаници кај овци и кози – нема опасност за луѓето
„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Таг:ахвБабовскиевропа
Претходен напис Трипуновски: Постигнат договор за минималната откупна цена за доматот
Следен напис Четвртина од увозот на сливи во ЕУ е покриен од Молдавија, Србија е на шестото место помеѓу светските производители
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?