Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: ЕК оцени дека Поглавјето 12 има постигнато високо ниво на усогласеност со законодавството на ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски: ЕК оцени дека Поглавјето 12 има постигнато високо ниво на усогласеност со законодавството на ЕУ
Агровести

Бабовски: ЕК оцени дека Поглавјето 12 има постигнато високо ниво на усогласеност со законодавството на ЕУ

Последна измена: 02/12/2023 16:27
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

Во период од 27 ноември до 1ви декември 2023 година, се одржа билатералниот скрининг за Поглавјето 12-безбедност на храната, ветеринарна и фитосанитарна политика, помеѓу претставниците на надлежните органи на Република Северна Македонија и Европската комисија.

На состанокот земаа учество претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство, како институција носител на поглавјето,  и претставници од Министерството за земјоделство, шуварство и водостопанство.

Како едно од најобемните поглавја, на кое припаѓа голем процент од целокупното ЕУ Acquis, со интензивна агенда од 5 дена, македонските надлежни органи гo презентираа тековниoт статус на степенот на усогласеност на националното законодавство со европското законодавство, како и нивото на спроведување на истото.

Својата посветеност во процесот на отпочнување на преговорите во Поглавјето 12, Европската комисија ја прикажа со ангажирање на повеќе од 50 ексепрти на Генералниот Директорат за здравје и безбедност на храна (ДГ САНТЕ)

-Во текот на петте дена на билатерални состаноци во рамките на скринингот, Европската комисија го поздрави досегашниот прогрес во усогласувањето на македонското законодавството со ЕУ актите, го препозна напорот во процесот на прилагодување на националните системи од областа на безбедноста на храна, ветеринараната политика, како и во фитосанитарната област – изјави  директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски, во својство на раководител на работната група за Поглавјето 12 и додаде дека во завршните заклучоци на билатералниот скрининг, ЕК,  оцени дека Поглавјето 12 има постигнато високо ниво на усогласеност со законодавството на ЕУ и е во напредна фаза на подготвеност.

– Исто така ЕК посочи дека структурата на Агенцијата за храна и ветеринарство е добро воспоставена, а капацитетите со кои располага се соодветни – изјави Бабовски.

По завршувањето на билатераниот скрининг, ЕК ќе подготви официјален извештај за Кластерот 5-ресурси, земјоделство и кохезија, во чии рамки ќе го достави и извештајот за Поглавјето 12, со детална оцена за подотвеност на поглавјето за пристапување кон ЕУ.

Може да ви се допадне

Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ
АД МЕПСО: Земјоделците безбедно да ракувааат со системите за наводнување на површини во близина на далеководните траси
Министерот Трипуновски ја посети компанијата „Агриа“
Деловните субјекти лани завршиле 5 405 станови, а индивидуалните сопственици 2 512
Бислимоски: Војната меѓу Израел и Иран ќе влијае врз цената на нафтата и во Македонија
Таг:бабовскибилатерален скринингеуПоглавје 12фондови
Претходен напис Управата за јавни приходи го одбележа Денот на даночните работници
Следен напис Трибина за тутунот во Прилеп: Откупната цена на тутунот мора да биде 10, а не 5 евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?