Азотните ѓубрива се применуваат откако ќе заврши мирувањето односно, непосредно пред почетокот на вегатцијата, како и во текот на вегетацијата.
Поради големата подвижност на азотот во почвата и големата можност на негова загуба , се препорачува предвидената доза на азот да се дава во два – три наврати. Овие ѓубрива се даваат површински, без заорување. На земјиштата со наклон, се препорачува овие ѓубрива да се внесат плитко во почвата, со помош на ротациона дробилица.
На насадите во род се препорачува ½ од потребната количина на азот да се дава 15-20 дена пред почетокот на вегатцијата, а остатокот на крајот од месец мај или почетокот на јуни. Азотните ѓубрива кои се применуваат во овој период позитивно ќе влијаат врз развојот на плодот и диференцијацијата на генеративните пупки, а на овие процеси позитивно дејство ќе има и ѓубривото применето во текот на летото, јули и август.
Ѓубрењето со азот во текот на летото позитивно делува и на подобра подготовка на овошките за периодот на мирување. Корисно е и давање на мали количини заедно при наводнувањето.
Извор: AgroSavjet
