Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески со овластените увозници на возила, членки на Комората
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески со овластените увозници на возила, членки на Комората
Агровести

Азески со овластените увозници на возила, членки на Комората

Објавено 08/04/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Стопанската комора и формално почна да функционира Групација на овластени увозници на моторни возила, директно подржана и од претседателот на СКСМ Бранко Азески.

По неколку неформални работни средби и дискусија за прашања од интерес на нивното заедничко делување, овластените увозници на моторни возила во Македонија ја формализираа и Групацијата при Комората. За претседател е избран Благоја Димитровски од Тојота Авто Центар, а за потпретседател Ана Јаневска од Автонова.

Претседателот Азески, посакувајќи им успешно заедничко делување во најстарата и најмоќна бизнис-заедница, посочи дека оваа дејност го изразува врвот на технолошки достигнувања, дејност која е предводник на иновациски процеси и компании кои со начинот на делување поставуваат нови модерни стандарди во работењето. Јасно е вели Азески, дека за поволна бизнис клима потребно е, владеење на правото, почитување на принципите на пазарната економија, одговорност на институциите. Континуираните кризи кои речиси дваесет години (од 2008 г., наваму), само го менуваат обликот оставаат сериозни штетни последици по бизнисот и токму затоа Македонија треба да ја искористи оваа состојба и да се насочи кон користење на компаративните предности со кои располага. Една, и клучна од сите е вардарската долина која врзува два коридора во патната и железничката инфраструктура, што ја прави државата транзитно значајна дестинација.

Инаку, целта на обединувањето на компаниите во Групацијата при Комората е преку системско делување да можат да ги компарираат податоците и фактите во интерес на иницирање решенија со кои во државата ќе се поттикне користење на еколошки поквалитетни нови моторни возила, за што е потребно со надлежните државни институции инволвирани во дејноста, да се добиваат навремено и континуирано податоци. На тој начин, како што посочуваат овластените увозници на моторни возила во Македонија, преку компаративни анализи ќе може да се предлагаат и креираат мерки и решенија со кои новите автомобили би биле поевтини на домашниот пазар, што ќе значи не само обнова на автопаркот на граѓаните, компаниите и правните субјекти, туку и помала емисија на CO2 гасови и почист воздух.

Генерално, проблемите на компаниите се повеќе слојни. Македонија сега има највисоки увозни царини во регионот, проблем е со ЕУР-4 кој дозволува увоз на 22-24 години стари моторни возила (Косово и Албанија до 10 години), данок за возила (врз основа на вредност но и на CO2 емисијата), одредени законски пропусти за електрични возила, се само некои од приоритетите кои треба да се решаваат. Креирањето на база на податоци се наметнува како приоритет за идното работење. Официјалните податоци на статистика не се реални, во истата група се и трактори и се останато, а компаниите ги доставуваат своите податоци до министерството за внатрешни работи за продажба и извоз, што значи база на податоци постои во институциите.

Инаку, просечната старост на автомобилите во РСМ е 19,5 години, со што и прашањето за загадување станува приоритет за решавање. Дополнително, нелојална конкуренција претставува и продажбата на увезени моторни возила преку физички лице.

Стопанска комора

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:азескиКоморатаовластенитеувозници
Претходен напис Без струја денеска ќе останат повеќе населби во Скопје
Следен напис Хоџа: Градиме функционални системи за наводнување на земјоделското земјиште
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?