Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески панелист на Копаоник бизнис форум на тема „Заедно напред: Регионална интеграција на Западен Балкан“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески панелист на Копаоник бизнис форум на тема „Заедно напред: Регионална интеграција на Западен Балкан“
Агровести

Азески панелист на Копаоник бизнис форум на тема „Заедно напред: Регионална интеграција на Западен Балкан“

Објавено 02/03/2026
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Копаоник бизнис форум што се одржува од 1 до 4 март оваа година, фокусот на дискусиите го става на теми што го обликуваат современиот глобален и регионален контекст, од индустриска политика и конкурентност, преку инвестиции и пазарот на трудот, до дигитална трансформација и одржлив развој, во присуство на лидери од бизнисот, академската и политичката област од регионот и меѓународни експерти од различни области. Централната тема на Форумот е „Индустриската политика во функција на долгорочниот економски раст на Србија“, се наведува во соопштението од Стопанската комора на Северна Македонија, што МИА го пренесува интегрално.

Претседателот на Стопанската Комора Бранко Азески, денеска (2 март 2026 година), е панелист на тема: ЗАЕДНО НАПРЕД: РЕГИОНАЛНА ИНТЕГРАЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, со претседателот на Стопанска комора на Србија Марко Чадеж, проф. Дејан Микеревиќ, Економски факултет, Универзитет во Бања Лука, Горан Пекез, директор за корпоративни работи и комуникации за Западен Балкан, Давид Пиегазки, генерален секретар на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) и Небојша Шапониќ, коосновач, НЕЛТ Груп. Со својата сериозна експертиза и активно учество, Азески ќе понуди и поттикне значаен дијалог за актуелни теми коишто ја обликуваат економската слика во регионот, во услови на големи неизвесности на глобален план.

Во рамки на активностите на Копаоник, претседателот Азески ќе учествува и на настанот во организација на компанијата „Експо 2027“, под наслов „Експо 2027 под лупа: најголема шанса или најскапа илузија на Србија“. Идејата е преку отворен разговор да се дискутира со бизнис претставниците, но и со компанијата „EXPO 2027“ и компании кои имаат искуство со учество на светски изложби, за можностите, предизвиците и, пред сè, реалните економски ефекти од „Експо 2027“, како основ за согледување – дали и на кој начин Србија преку оваа глобална платформа, но и стопанството во државата, може да бидат активни учесници во процесот, а не пасивен набљудувач.

На бизнис форумот, којшто според учесниците и големината на одзивот веќе долго време го носи епитетот на регионалниот, Балкански ДАВОС, ќе се дискутира за актуелни теми: макроекономски политики, дигитална економија, креативни индустрии, вештачка интелигенција, регионална соработка, инфраструктура, инвестиции, иновации, банкарство и осигурување, земјоделство, зелена транзиција, здравство и образование. Но секако и за моменталните случувања во светот кои имаат силно влијание на економските текови.

Бизнис форумот во Копаоник е настан од висок профил. Повеќе од три децении, Форумот привлекува значителен број учесници од целиот регион. Партнерството со Мастеркард (Mastercard), обезбедува дополнителна поддршка, придонесувајќи за поголема видливост и подобрување на квалитетот на овој важен настан со 35 панел дискусии. Форумот е организиран од Алијансата на економисти на Србија под директно водство на претседателот на српското здружение на економисти Александар Влаховиќ, а покрај учесниците на Копаоник бизнис форум присуствуваат и шефови на држави, премиери и министри, високи претставници на регулаторни тела, претставници на меѓународни финансиски институции, научници, дипломати, деловни практичари и медиуми.

Стопанската комора на Северна Македонија

Може да ви се допадне

Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Се чека со часови за влез во Грција. Километарски колони и покрај седум ленти
Таг:азескиЗаедно напредЗападен БалканКопаоник бизнис форум
Претходен напис Променливо облачно утро со минусни температури, во текот на денот до 17 степени
Следен напис Дурмиши за МИА: Просечната потрошувачка кошничка и зголемувањето на минималната плата на седница на ЕСС
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?