Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Азески: Кичево е потенцијална локација за мултимодален транспортен јазол
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Азески: Кичево е потенцијална локација за мултимодален транспортен јазол
Агровести

Азески: Кичево е потенцијална локација за мултимодален транспортен јазол

Објавено 20/02/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

 Положбата на Кичево, како крајна точка на железничката линија во западниот дел на земјата, дава можност да се развие мултимодален транспортен јазол и да служи како транзитен центар за понатамошен, рече претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески на седницата на Регионалната комора со седиште во Кичево, што се одржа денеска кичевското село Добреноец.

Азески нагласи дека сегашната состојба и соработка со Владата е историски најповолна и дека тоа мора да се искористи за развој на бизнисите.

Во обраќањето пред стопанствениците од југозападниот и пелагонискиот регион ја претстави идејата за развивање на мултимодален транспортен јазол кој, како што рече, ќе служи како транзитен центар и на тој начин товарот што доаѓа со железница би можел да се пренесе со камиони за понатамошен транспорт кон албанската страна или пристаништето Драч.

– Овој концепт е стратегиски насочен кон намалување на трошоците, зголемување на логистичкиот капацитет и намалување на загадувањето со користење на железницата за поголем дел од транспортниот товар и овозможува лесно префрлање од еден во друг начин на транспорт. Концептот на меѓународен мултимодален транспорт се однесува на транспорт „од врата на врата“, со еден транспортен оператор и се применува во Европската унија, рече Азески.

Тој посочи дека во Европа функционираат повеќе од 600 вакви мултимодални транспортни објекти, што ги поврзуваат потрошувачите и производителите на одржлив начин.

Азески кажа дека поддршка за оваа идеја има и од државата, но за да се реализира, ваква идеја потребно е да се изготви соодветен проект со точно дефинирање на изворите на средствата за финансирање и како можност тоа да биде по основ на јавно-приватно партнерство.

Градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јованоски на седницата се осврна на важноста од развојот на бизнисите во регионот, а тој како претставник на локалната самоуправа започнал со создавање поволна клима за стопанството во овој регион.

– Имаме барање за експресен пат за Битола кој ќе нè поврзе со грчка граница, така што се надевам дека Кичево ќе биде крстосница и предност за развој на бизнисот. Испратив и барање до директорот на технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), да ни се додели парцела на којашто ние ќе може да развиеме простор за малите стопанственици, рече градоначалникот Јованоски.

Овие парцели би ги користеле кичевските стопанственици, односно за услужни, производствени фирми кои би делувале во таканаречена мала развојна зона.

На седницата присуствуваа и претставници на стопанството и раководствата на регионалните комори со седиште во Битола, Охрид и Прилеп.

По презентацијата на новата идеја, учениците разговараа и за актуелните економски состојби во регионот, инфраструктурните приоритети, поддршката на локалните компании и можностите за заеднички иницијативи меѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа. 

Извор МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:азескиКичевомултимодален транспортен јазолпотенцијална локација
Претходен напис Форумот „Европската перспектива на македонскиот бизнис“ ја отвори дебатата за подготвеноста на економијата за Единствениот пазар на ЕУ
Следен напис Трипуновски: Пчеларските здруженија ги поздравија новините во програмата и побараа засилена контрола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?