Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот до крајот на 2029 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот до крајот на 2029 година
Агровести

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот до крајот на 2029 година

Објавено 21/02/2026
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Автопатот од Гостивар до Кичево ќе биде изграден во рокот, ова го потврдија премиерот Христијан Мцковски, министерот за транспорт и врски, Александар Николовски и директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски по денешниот увид на работите на делница „два“ којашто се простира од Гостивар до кичевското село Букојчани.

Премиерот, Христијан Мицкоски искажа благодарност до соработниците и институциите кои, како што рече, имаат разбирање за приоритетот за изградбата на овој проект и неговото значење.

Владата функционира одлично, составена е би рекол од три коалициски субјекти од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, од коалицијата Вреди и од политичката партија ЗНАМ, изјави денеска премие

– Оваа Влада е целосно посветена на изградба на ваков тип на инфраструктура бидејќи поврзувањето, а и самата географска местоположба на државата треба да се искористи како предност, да се биде раскрсница во регионот е стратешка предност и како што кажа почитувана в.д. амбасадорка на САД во земјава, ние сме дел од НАТО Алијансата и на ова начин на реализирање на овие коридори се подобрува отпорноста и безбедноста во регионот, но и на Јужното крило на НАТО алијансата, изјави Мицкоски.

Министерот за транспорт и врски и вицепремиер посочи дека експропријацијата на имотите кои се на трасата е завршена речиси 90 отсто и тоа го оцени како успех, а финансирањето е навремено што директно влијае врз навремена реализација на овој проект.

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар - Букојчани. Имаме силна динамика, државата овозможува навремена логистика и со средства

– Она што ми е драго е тоа што градежништвото расте, во третиот квартал минатата година растот беше од 21 отсто, што не е запаметено во независна Македонија и така ќе продолжиме во периодот што е пред нас. Обврските што ги имаше државата се веќе завршени, околу 90 отсто од експропријацијата е завршена, до сега исплатени се околу 470 милиони евра што за буџет како Македонија е огромна сума. Пред нас има уште реализација и некаде на крајот на 2029-та година ќе можеме да го возиме овој автопат. Да кажам дека прогресот е добар и на автопатот којшто оди од Тетово до Гостивар и на автопатот којшто оди од Прилеп до Битола, истакна Николоски.

Никол Варнс, вршителката на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје за заблагодари на посветеноста да се заврши овој крупен инфраструктурен зафат.

-Коридорот 8 ќе ја трансформира економската иднина на Северна Македонија со поврзување на истокот и западот, олеснување на трговијата и создавање можности за вашите граѓани. Четириесетте километри пат кои се во изградба денес го градат тој мост. САД го ценат ова партнерство и очекуваат дека двете наши влади ќе го задржат моментумот неопходен за реализација на оваа заедничка инвестиција, рече Варнс.

Првиот човек на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски напомна дека работите на оваа делница од автопатот се одвиваат според планираното. Следен предизвик како што рече, ќе биде експропријацијата на имоти низ селата на јужниот дел од општина Гостивар (Здуње, Дебреше, значи Бањица и Митрови Крсти), но подвлече дека роковите ќе бидат запазени.

– Во должина е околу 31 километар, даден е пристап и веќе се работи на 11-и-нешто километри. Гледате кои се активности тука коишто се работат. Присутни се некаде околу 600 вработени на оваа делница и повеќе од 500 градежни машини работат во моментов на оваа делница. Би сакал да истакнам дека една од најсложените и најтешките, воедно е и најтешка и најскапа делница којашто ја правиме ние во Република Македонија досега, со оглед на конфигурацијата на теренот, со оглед на тоа што гледате дека е во ридско-планински дел каде што треба да се заобиколи Стража и да се стигне до Букојчани, рече тој.

Трајановски посочи дека работите на делницата од Букојчани до Кичево се работи на 11 километри, а од Кичево до Охрид работите се во завршна фаза. Според него, со изградбата на оваа делница, наместо досегашните 3 до 3 и пол часа, времето патувањето од Скопје до Охрид ќе се намали речиси за двојно. Трајановски оцени дека на оваа делница ќе се патува безбедно и поудобно до Кичево.

Владината делегација имаше можност да го види еден од поголемите мостови (вијадукти) во завршна фаза. Долг е 386 метри, висината на столбовите максималната е околу 41 метар, има околу 20 столбови. згм/ац/

Фото: Влада, Министерство за транспорт

Извор МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:автопатГостиварКичево
Претходен напис Се помалку дизел возила во ЕУ, бројот на електричните зголемен за 45 пати
Следен напис Измени во законот за извршување – синдикатите бараат да се укинат енормните давачки, во спротивно ќе има протести
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?