Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Армиски хеликоптер го гаси пожарот на планината Серта, ќе му се придружат и полициски и два „ер трактори“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Армиски хеликоптер го гаси пожарот на планината Серта, ќе му се придружат и полициски и два „ер трактори“
Агровести

Армиски хеликоптер го гаси пожарот на планината Серта, ќе му се придружат и полициски и два „ер трактори“

Објавено 13/07/2024
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Како засилување на силите што го гаснат од земја, пожарот во општина Неготино, еден армиски хеликоптер започна со дејство врз огнените јазици на планината Серта. Полицискиот хеликоптер се подготвува да полета. Два „ер трактори“ кон Серта ќе полетаат во 10 часот, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Кризниот штаб на Општина Неготино синоќа излезе со препораки до домаќинствата во селата и во градот, задолжително да прават расчистување на тревните површини околу своите дворови, имотите и останатите подрачја.

– Апелираме до месното население за поголема ажурност, следење на упатствата и насоките од страна на МВР, да нема поголеми движења кон критичните места. Исто така, побарана е повторно до ЦУК и до ДЗС воздухопловна подршка за утрешниот ден, за да би можело да се изврши побрзо локализирање на пожарите, информираа синоќа од Штабот за заштита и спасување при локалната самоуправа. 

Ова општинско тело, формирано откако избувна големиот пожар, синоќа одржа состанок, а членовите на штабот биле запознати со состојбите на терен од страна на претставници на ЦУК, ДЗС, МВР. 

Пожарот на неготинска територија избувна во средата околу 10.30 часот.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Армиски хеликоптергаси пожаротер тракториполицискипридружатСерта
Претходен напис На ГП Табановце зголемена фреквенција за влез и излез од државата
Следен напис ЦУК: Активни пет пожари, врз коишто утрово се дејствува и со воздухопловна поддршка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?