За време на овој викенд, а особено во текот на следната недела делови од централна и северна Eвропа ќе бидат зафатени од исклучително студена воздушна маса која се спушта од Арктикот. Влијанието на истата ќе се почуствува и на северот од Балканот според моменталните анализи – информира Славчо Попоски.
Сето ова ќе услови невообичаено ниски температури на воздухот кој ќе бидат далеку под просекот. За земјоделското производство оваа драматична состојба може да биде фатална за земјоделските култури кои ќе страдаат од измрзнување.
За среќа сето тоа кај нас нема да се случи. Односно овој студен воздух кој ќе се спушти во централните и северните предели на Европа кај нас ќе услови од југ слободно да допре значително потопол воздух кој во текот на следната недела ќе услови значително повисоки температури на воздухот – вели Попоски.
Останува да ја следиме состојбата со промената на времето и како таа ќе влијае врз земјоделството кое е „фабрика на отворено“. Евентуалните измрзнувања на земјоделските култури ќе влијаат и на пазарот со земјоделски производи бидејќи ќе биде намалена понудата што ќе предизвика покачување на цените.
